Скопјанец попладнево со остар предмет ја убил сопругата во семејната куќа во Скопје и избега, но полицијата за кратко го фатила на граничниот премин Табаноце.
-Денеска (03.05.2025) околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”. Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – соопшти МВР. Тој е приведен и во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.