На денешен ден, 4 мај, се одбележува 122 години од смртта на Гоце Делчев, македонски револуционер и еден од најзначајните лидери на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Тој беше убиен на 4 мај 1903 година во близина на селото Баница. Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш (денес Килкис, Грција). Неговото име и дело се дел од македонскиот национален идентитет и се почитуваат низ целата земја.
Денес после 122 години Гоце Делчев останува симбол на борбата за слобода, правдина и еднаквост, а неговото наследство продолжува да инспирира генерации. Неговите останки се сместени во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде редовно се одржуваат церемонии положувајќи цвеќе во знак на почит за еден од најголемите револуционери.