Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има средба со Арбен Таравари за идното функционирање на владата. Тој рече дека сака од Таварави да слушне јасен став дали има договор на партијата на Таравари со ДУИ за идно заедничко функционирање на локалните избори.
-Мислам дека за утре е закажана средба со Таравари за идното функционирање на Владата, и сакам да слушнам став од Таравари дали е точно има договор помеѓу неговата партија и ДУИ за идните локални избори, каде што тој ќе извади кандидати, а ДУИ нема да извади кандидати. Тоа значи себепонижување како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува ДУИ, тоа е за мене неприфатливо како претседател на Влада“, изјави Мицкоски.