Претседателот на Малдивите, Мохамед Муизу, се обрати на прес-конференција што траеше речиси 15 часа, соопшти неговиот кабинет, тврдејќи дека го соборил претходниот рекорд што го држел украинскиот лидер Володимир Зеленски. 46-годишниот Муизу ја започнал маратонската прес-конференција во саботата во 10:00 часот, а таа траела 14 часа и 54 минути со кратки паузи за молитви, се вели во соопштението на неговиот кабинет.
„Конференцијата продолжи и по полноќ – нов светски рекорд од претседател – при што претседателот Мохамед Муизу континуирано одговараше на прашања од новинари“, се вели во соопштението. Во октомври 2019 година, Националната агенција за евиденција на Украина тврдеше дека 14-часовната прес-конференција на Зеленски го соборила претходниот рекорд од над седум часа што го држел белорускиот претседател Александар Лукашенко. Владата на Малдивите соопшти дека продолжената прес-конференција на Муизу била наменета да се совпадне со Светскиот ден на слободата на медиумите во саботата.
„Тој ја призна клучната улога на печатот во општеството и ја нагласи важноста на фактичкото, избалансирано и непристрасно известување“, се додава во соопштението. За време на долгата прес-конференција, Муизу, исто така, одговараше на прашања поставени од јавноста преку новинарите.