Во Романија, се затворија гласачките места за повторените претседателски избори, откако претходните избори, во ноември 2024 година, беа поништени од Уставниот суд. Според првите излезни анкети по завршувањето на првиот круг од повторените претседателски избори во Романија, кандидатот на десничарската Алијанса за обединување на Романците, Џорџе Симион, води со 30 проценти од освоените гласови.
Второто место на анкетите го делат поранешниот национал-либерален политичар Крин Антонеску и градоначалникот на Букурешт Никусор Дан, за кои гласале околу 23 проценти од Романците. Податоците не ги вклучуваат гласовите на дијаспората, објавува романскиот портал „Диги 24“. Според излезната анкета спроведена од агенцијата „Авангард“ врз основа на податоци собрани до 19:00 часот, поранешниот премиер Виктор Понта освоил 15 проценти од гласовите, а претседателката на Синдикатот „Спаси ја Романија“ (USR) Елена Ласчони 4 проценти.