20.8 C
Скопје
05/05/2025 10:10
МАКТЕЛ

     

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова на Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

      

Денеска, на 5 Мај, праќаме важни пораки за македонскиот јазик до сите Македонци, каде и да се, до познавачите и до почитувачите на македонскиот јазик, до идните поколенија Македонци. Денеска, камбаните одѕвонуваат на македонски јазик и за македонскиот јазик, не само тука, во татковината, туку секаде каде што се оние со кои ист јазик зборуваме и на ист јазик се разбираме ние, Македонците. Денес, сите говорители, вљубеници, јазикољупци, почитувачи, проучувачи, посветеници на големиот, убавиот, милозвучниот македонски јазик беседат за него и на него. Пораки за македонскиот јазик ќе праќаат и по мене и по нас, оти додека нè има, ќе го има и него: јазикот наш насушен. Без македонскиот јазик не ќе можевме да испраќаме пораки на македонски, ниту да бидеме негови мисионери. Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него. Ние сме оние што во него се препознаваме, со него се идентификуваме, по него се разликуваме од другите.

Нам, македонскиот јазик ни е духовна храна, важна и потребна колку и мајчиното млеко, тој ни е идентитетско сонце, татковина од искона. Македонскиот јазик е река што извира од европски извор и се влева во морето на европската и во океанот на светската цивилизација. Близнак со народниот дух, македонскиот јазик битисувал во лошо и во добро низ вековите, зреел со македонскиот народ, растел и се збогатувал со новите зборови што никнувале за да ја изразат народната болка и радост, се калел и калемел во содејство со блиските јазици, плачел, шепотел, пеел, играл, им пркосел на оспорувањата и негирањата, опстојувал. Чест ни е што сме потомци на епохалните мисионери, Светите Кирил и Методиј,  личности – филозофи кои ни ја дариле светлината на словото, писменоста, уката и културата, позлатувајќи нè со азбука, писмо и писменост не само нас, туку  и сиот словенски свет. Премудриот Константин Филозоф во мугрите на сесловенската и македонска писменост, пред светската историја на совеста, гласно запраша: „Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем  не дишеме воздух сите еднакво?“

   

 Нè огреа и не просвети учителскиот блесок и нас, на Светите Кирил и Методиј, кои со верните и посветени ученици, Светите Климент и Наум го просветлија  словенскиот и македонскиот свет со писмо, образование и наука. Мракот беше победен од  светлината, незнаењето беше поразено од знаењето со помош на словенските јазици, меѓу кои и македонскиот, словенските народи, а меѓу нив и македонскиот се описменуваа. Грандиозната дејност на Охридскиот книжевен центар на Свети Климент Охридски, поддржан од Свети Наум е монументален чин и чекор во описменувањето, што снажно ја поткрепи и поттикна мислата, овозможувајќи ѝ јазично да се изрази. Во прашање е „моќно придвижување“, според Блаже Конески, со што се трасираше и се отвори патот за епопејата на македонскиот јазик којшто храбро тргна напред, најпрво како прасловенски јазик, старословенски јазик  првиот книжевен јазик на сите Словени, создаден врз основа на говорот на македонските Словени од околината на Солун. Јазичната еволуција се одвива од глаголицата, преку старословенската кирилица, кон современата македонска кирилична азбука.

 Средновековната писменост и култура сведочат за континуиран развој на македонскиот јазик. Пробивот на народниот македонски јазик од ракописите од 16 век до преродбата во 19 век е значајна етапа во неговата историја. Со и низ развојните фази на македонскиот народен јазик низ вековите растеше идејата за македонски литературен јазик и македонска самобитност, а расцвета со аргументираната научна кодификација на великанот Крсте Мисирков во делото „За македонцките работи“. Повеќевековниот развој на македонскиот јазик доживеа законска кодификација во 1945 година, чин на крунисување на вековните стремежи на Македонците. Да укажам, по којзнае кој пат, дека може да се кодифицира само нешто што постои. Не се измислува јазик. Кодификацијата на македонскиот јазик се реализира преку: Решението на Првото заседание на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во Република Македонија од 2 август 1944 година, Решението на Президиумот на АСНОМ за  донесување на азбуката на 5 мај 1945 година и официјалното усвојување на македонскиот првопис на 7 јуни 1945 година. Така се остварија вековните идеали и стремежи да се изразуваме на македонски литературен јазик, да учиме и да се образуваме на  македонски јазик, да имаме свој македонски литературен јазик.

  По кодификацијата во 1945 година следуваше објавувањето на капиталните дела од науката за јазикот: граматиката, историјата на македонскиот јазик, речникот  на македонски јазик, со што јазичниот процес се заокружи во јазичен систем и во јазична целина. Уште еднаш да потврдам и да потенцирам дека влогот на великанот Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот јазик, во науката за јазикот и во македонистиката е монументален. Мора да го споменеме и исклучителниот придонес на Круме Кепески, но и на плејада домашни и странски македонисти, филолози и лингвисти, чии камења во темелите и во ѕидовите на македонистиката,  од неа направија цврста куќа! Македонскиот стандарден јазик не е само важен елемент на историјата на самостојна, суверена и независна Македонија, туку и темел и потпора на македонскиот идентитет. Тој е основното идентитетско обележје на сите Македонци коишто живеат на територијата на македонската држава и говорат македонски, но и на Македонците во соседните држави и Македонците насекаде во светот.

Втората половина на 20 век и двете и пол децении на 21 век  се значајна етапа на подемот на македонистиката, домашна и странска, како стабилна, студиозна, аргументирана и светски призната филолошка и културолошка наука. Современата наука за македонскиот јазик, науката за книжевноста и културата бележат врвни достигнувања, а извонредни дострели и ремек-дела остваруваат македонската литература, уметност и култура. Македонскиот јазик е семакедонска куќа и семакедонски дом на писменоста, прогресот, уката и науката, уметноста и културата. Македонскиот јазик е жив и животворен, тој врие од енергија, отвора, раѓа и породува нови видици и светови, менува светогледи. На него сонуваме, создаваме, остваруваме, векуваме. Во македонскиот јазик е врежан македонскиот код, вградена е нашата сушност и посебност, на него е исткаена нашата меморија, со него ја живееме сегашноста, одиме по свое во иднината. На македонски сè уште шепоти пирејот, на македонски зборува непокорот, со македонскиот се мечтае за  „белите мугри“, на македонски е навезена „Везилка“ и напишана едната и единствена македонска приказна, повеќе тажна, одошто весела.

 Јазикот, македонскиот ни јазик е наша молитва, наша поезија, наша драма, наш еп, наш роман-река. Со македонскиот јазик градиме мостови меѓу културите, преминуваме пречки, се разбираме.  Преку јазикот го креираме системот на вредности како култура на дијалог, соработка, хуманизам, човекољубие, миротворство и космополитизам, оти нам преку речта, како на Рацина: „куќа цел свет братски ни е“. Нашиот македонски јазик е мисија на сите нас: државните органи, институциите, образовниот систем, академската, научната и општествената заедница, граѓаните, индивидуите, луѓето. Изразувам и искажувам огромна почит кон сите македонисти, кон сиот образовен, академски и научен потенцијал, кон академиците, професорите и истражувачите, поетите и писателите, наставниците и учителите, лекторите во земјава и во странство, библиотекарите, кон сите говорители и љубители на македонскиот јазик, кон јазикољупците коишто од него прават уметност. Лично, како човек и како претседателка на државата, со страст размислувам и говорам на македонски, ја почитувам, силно ја поддржувам и афирмирам македонистиката, секогаш и секаде: дома и во светот. За особено важна ја сметам институционалната поткрепа на македонистиката преку дејноста на Советот за македонски јазик, работата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, лекторатите по македонски јазик, дејноста на високообразовните и научни македонистички институции. Очекувам и инсистирам на особена и посебна правна грижа за македонскиот јазик преку дејноста на Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик.

 Координираното институционално чествување на овој голем јубилеј преку целата година е потврда на јасната определба за поддршка на македонскиот јазик. Потребна ни е национална стратегија за развој и за заштита на македонскиот јазик со третман на македонистиката како дејност од врвен национален интерес со интернационално значење. Заштитата на македонскиот јазик е наша висока должност и завет, или како што вели Мисирков: „Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш, исто така, како што ни е наша татковината ни“. Денеска, на овој голем македонски ден, Ден на македонскиот стандарден јазик, 5 мај 2025 година, свечено и достојно го чествуваме големиот јубилеј „80 години од кодификацијата на македонскиот јазик“, но и не смееме да ги заборавиме настаните што му претходеле, оти македонскиот јазик е многу постар од стандардниот македонски јазик, или како што вели познатиот славист и македонист Реџиналд де Бреј во неговиот „Водич на словенски јазици“ во 1951 година: „Каква иронија на историјата, народот чии предци им го дале на Словените првиот литературен јазик, беа последни на кои им се призна јазикот како посебен словенски јазик, различен од соседните бугарски и српски“.  Да споменам дека годинава се навршуваат 150 години од објавувањето на Речникот на три јазика (тријазичникот), 145 години од „Слогница Речовска“, односно првата публикувана  граматика на македонски јазик на Ѓорѓија Пулевски,  135 години од одбраната на првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Дерптскиот универзитет во Естонија од Леонард Готхилф Мазинг, како и 100 години од печатењето во Атина на „Абецедарот“, на  барање на Лигата на народите, претходничката на ООН! Честит 5 Мај, Денот на стандардниот македонски јазик! 

  

Најново

СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Клековски: Зголемени плати и зголемени капитации за примарното здравство, Буџетот за здравство зголемен за 7 милијарди денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Десетици нови авио дестинации, Владата вложува во развој и можности со цел зголемување на животниот стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Златко Крамариќ на „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“, Промоција на „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“

Sase Ivanovski

СЗДМ: Барањa за зголемување на бројот на корисници и задржување на минимум ниво на квалитет на достапни ИНСУЛИНСКИ ПУМПИ, во Северна Македонија, при јавната набавка за 2025 и 2026 година

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци?

Sase Ivanovski

Музејот Ефес фрла светлина на историја долга 3500 години

Sase Ivanovski

Трамп за потенцијален трет мандат: Не знам дали е уставно или не

Sase Ivanovski

Мал авион се урна во близина на Лос Анџелес: Едно лице загина, две куќи се оштетени

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

Зеленски: Примирје со Русија е можно во секое време

Sase Ivanovski

KOД 2025 – Случај Татјана Димитровска ДКСК, врските со ТЕЦ Неготино

Sase Ivanovski

Ќе успее ли мисијата на Рамсар да го спаси Преспанското Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Врвни совети за маслиново дрво за бесмртност

Sase Ivanovski

„ЌЕ ИМАМЕ ЕДНА МИНИ ПРЕРАСПРЕДЕЛБА“: министерката за финансии за пренасочувањето на пари од буџетот

Sase Ivanovski

Затворени гласачките места на претседателски избори во Романија, Симион води со речиси една третина од освоените гласови

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ЈА ОБВИНУВА МОСКВА ЗА ДВОЈНА ИГРА – Русија бара мир на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Sase Ivanovski

Нетанјаху најави остар одговор по нападот на Хутите врз главниот аеродром во Израел

Sase Ivanovski

НЕ ЈА ИСКЛУЧУВАМ УПОТРЕБАТА НА ВОЕНА СИЛА: Трамп не се откажува од идејата да го преземе Гренланд

Sase Ivanovski

Свадбена поворка направи хаос во Холандија: Ги блокирале улиците, поминале на црвено светло и возеле во спротивна насока

Sase Ivanovski

Како вештачката интелигенција може да го ви го олесни животот?

Sase Ivanovski

Си ќе ја посети Русија за Денот на победата и ќе разговара со Путин

Sase Ivanovski

Претседателот на Малдивите одржа рекордна прес-конференција од 15 часа

Sase Ivanovski

На 4 мај 1980 почина човекот кој им рече ,,не” и на Хитлер и на Сталин, а им рече ,,да” на сите поробени и колонизирани народи низ светот помагајќи ја нивната борба за слобода, знаејќи го значењето и жарот на желбата за истата – почина Тито

Sase Ivanovski

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА СТАРТУВА НАСКОРО, ОБЈАВИ ПРЕМИЕРОТ: треба да се вработат над 200 луѓе

Sase Ivanovski

Путин (72): Наследството секогаш е во мојот ум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кафич во Црна гора стана вирален поради погледот…

Sase Ivanovski

Еве што го движи Влатко Стефановски низ светските музички врвови 5 децении…

Sase Ivanovski

Ноќта на 18 јуни 1875 година, избувна катастрофален пожар во областа Либерти во Даблин, засекогаш врежан во историјата како Големиот пожар на вискито во Даблин

Sase Ivanovski

Сведоштво од војната во 2001 год. Двајца тинејџери, со храброст поголема од стравот, трчаат под оган носејќи муниција до митралеското гнездо на нашите единици

Sase Ivanovski

СЕ ОДДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ГАЗИ БАБА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Sase Ivanovski

Зошто каматите кај брзите кредити се повисоки? Еве ја вистината!

Sase Ivanovski

ЕДНА ОД НАЈЛЕГЕНДАРНИТЕ СКОПСКИ ФОТОГРАФИИ: ТИТО ОД ТЕРАСАТА НА ОФИЦЕРСКИ ДОМ ПРЕД 100 000 НАРОД

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска за „Алфа“: Јавниот долг по подолг период е намален и процентуално и во апсолутна бројка

Sase Ivanovski

МОТОРЏИЈА ЗАГИНА НА ПАТОТ ДЕБАР-СТРУГА Скопјанка е повредена во сообраќајката

Sase Ivanovski

ПРИСУСТВУВАА 2,1 МИЛИОН ОБОЖАВАТЕЛИ Спречен е бомбашки напад на концертот на Лејди Гага на Копакабана

Sase Ivanovski

„ВОСТАНИЕТО Е НЕИЗБЕЖНО“ Последната средба на Гоце и Даме во Солун

Sase Ivanovski

„ТЕМУ“ НЕМА ДА ИСПОРАЧУВА СТОКИ ВО САД Американците ќе бараат остатоци од магацините

Sase Ivanovski

ОХРИЃАНЕЦ ПРЕГАЗИ ЧОВЕК ВО ИНВАЛИДСКА КОЛИЧКА Тешко повреден е хоспитализиран во „Свети Еразмо“

Sase Ivanovski

СТОИЛОВ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Ќе му помага на селекторот Кире Лазаров

Sase Ivanovski

ЈА БОДЕЛ СО НОЖ ПО ВРАТ ПРЕД ПЕТГОДИШНАТА ЌЕРКА Скопјанец свирепо ја убил партнерката

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Градиме нова Поликлиника, фекална мрежа во Бабин Дол, местна заедница во Пинтија – вкупно 22 нови капитални проекти, мојот народ заслужува!

Sase Ivanovski

Рама: На 11 мај Албанците на средба со историјата, ќе се одреди силата на Албанија во преговарачкиот процес со ЕУ

Sase Ivanovski

РТЦГ: Секој втор тестиран возач во Црна Гора бил позитивен на дрога

Sase Ivanovski

Како Лени Рифенштал – режисерката на Хитлер го криеше своето соучесништво од светот?

Sase Ivanovski

Филмот „Flow“ добитник на наградата на публиката ЛУКС за 2025 година

Sase Ivanovski

Концерт на Солунскиот државен симфониски оркестар во Филхармонија

Sase Ivanovski

Загина возач во тешка сообраќајка на патот Кочани – Штип

Sase Ivanovski

Поранешен дипломат: Шефицата на кабинетот на Трамп му забрани на Вучиќ да влезе во Мар-а-Лаго

Sase Ivanovski

Родители во Шпанија цели 4 години на децата не им дозволувале да излегуваат од дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТВ исповед на Керим за погрешно паркираното порше: Си ја платив казната, јас почитувам закони. А што е со службените лица кои ги штителе?

Sase Ivanovski

„Штетата е направена“ – Трошановски за ограничените шанси на Македонија во преговорите со ЕУ

Sase Ivanovski

Утре средба Мицкоски и Таравари

Sase Ivanovski

Речиси 200 полицајци во Германија осомничени за екстремизам

Sase Ivanovski

Велосипедската тура во чест на загинатите во кочанската дискотека ,,Пулс”

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Дебар – Струга, движењето е во прекин

Sase Ivanovski

Француската полиција истражува серија киднапирања на богати луѓе кои работат со криптовалути

Sase Ivanovski

Филипче за најавените протести од ДУИ: Протестот е уставно право, но не треба да се злоупотреби

Sase Ivanovski

Мицкоски: Изгледа Ахмети се уште живее во минатото

Sase Ivanovski

Срна е причината за тешката сообраќајка во Хрватска

Sase Ivanovski

ЗНАЦИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ДЕКА НАСКОРО ПАРТНЕРОТ ЌЕ ВЕ ОТКАЧИ

Sase Ivanovski

Новите тарифи на САД стапија на сила во 18 часот: Засекогаш ќе се промени автомобилската индустрија

Sase Ivanovski

Трамп објави фотографија на која е облечен како Папа

Sase Ivanovski

Автобус од БиХ се преврте во Хрватска, има загинати и повредени

Sase Ivanovski

ДУИ за Коридорот 8: Оние што го саботираа проектот немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат

Sase Ivanovski

АХВ казни 14 месарници

Sase Ivanovski

Мајка на загинат во Пулс му одговори на Тошковски: Зошто кога бевме кај него не нѐ праша дали нѐ организира опозицијата?!

Sase Ivanovski

Мицкоски: За мене е неприфатливо доколку Таравари го поддржува ДУИ

Sase Ivanovski

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, тоа е прашање на време

Sase Ivanovski

Релиќ со нов сребрен медал и поблиску до Олимпијадата во Лос Анџелес 2028

Sase Ivanovski

МОН: Научното дело „Македонски дијалектен атлас“ ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патниот правец Дебар – Струга, сообраќајот во прекин во двата правци

Sase Ivanovski

Министерството за економија одзело седум лиценци за кабареа и две за дискоклубови

Sase Ivanovski

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година

Sase Ivanovski

Филипче: Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Sase Ivanovski

Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развој на Македонија со цел подобрување на квалитетот на граѓаните

Sase Ivanovski

Тошковски: Делото на најголемиот македонски великан Гоце Делчев нè потсетува дека љубовта кон Македонија се докажува со дела

Sase Ivanovski

Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

Sase Ivanovski

Филипче: Во СДСМ тече процесот за избор на најдобрите кандидати за локалните избори

Sase Ivanovski
Вчитувам....