Со почит кон ликот и делото на големиот визионер, револуционер и предводник на македонското национално движење Гоце Делчев, денеска Гимназијата од нашиот град достојно го одбележа патрониот празник. Во спомен на великанот, пред неговата биста делегации од општина Куманово и Совет на Општината, предводени од градоначалникот Димитриевски и претседателката Ѓорѓиевска, претставници од институции, граѓански здруженија и политички партии, положија свежо цвеќе. Во училишната спортска сала беше организиран Отворен ден, каде што учениците низ активности и презентации ги претставија гимназиските насоки и наставната програма пред бројните посетители.
На свеченото чествување на најуспешните ученици и ментори им беа доделени пофалници за досегашните постигнати резултати.