Во Министерството за енергетика се официјализира договорот за конструкција на гасоводот за интерконекција помеѓу Македонија и Грција. „Рапид Билд од Куманово“ . Ќе го гради интерконекторот за гас до грчката граница откако денес во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, операторот на системот за пренос на гас АД Номагас Скопје и избраниот изведувач потпишаа договорот за изградба. Еден од сопствениците на „Рапид Билд“, Тони Каранфиловски, рече дека неговиот оператор има веќе големо искуство од изградбата на магистралните гасоводи низ земјата. Изведувачот веднаш ќе биде воведен на терен и, како што рече тој, ги има потребните ресурси за работа во сите фази.
– Она што можеме да ветиме ние како Рапид Билд е тоа дека ќе работиме максимално посветено и квалитетно, со што ќе се обидеме да завршиме пред рокот на изградба, рече Каранфиловски. – Очекуваме изградбата да трае 22 месеци, а интерконекторот да биде ставен во функција во 2027. Со тоа, ние ќе имаме алтернативен влез на природен гас, повеќе избор и сигурност во снабдувањето, изјава министерката за енергетика Сања Божиновска. Македонскиот сегмент од гасоводот ќе биде долг 67 километри и ќе се спои со грчката страна, каде што градежните активности се изведуваат од страна на компанијата „Терна“. Целокупната должина на гасоводот е 123 километри и се предвидува да се простира од Неа Месимвриа до Неготино преку Гевгелија, поврзувајќи ги двата национални системи за пренос на природен гас со цел да се зголеми разновидноста на изворите за набавка на природен гас во државата. Со помош на проектот, нашата држава ќе има можност да се снабдува со природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од грчките терминали во Ревитуса и Александруполи.
Компанијата „Рапид Билд“ на вториот тендер понуди најниска цена од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второрангираната понуда на фирма од Србија. – Ние направивме сè за да биде успешен новиот тендер. Добивме 12 милиони евра пониска цена од првичната. Се чекаше на Европската инвестициска банка. Тоа требаше да биде во јануари, меѓутоа, поради некои административни процедури, ќе се потпише на 7 мај со прворангираната македонска фирма што беше избрана. Тоа е последен проект на ЕБРД што дава пари за гас. Тоа е нивна последна инвестиција за гас – објасни министерката за енергетика, Сања Божиновска. Првиот тендер за изведувач беше поништен, затоа што Европската банка имаше забелешка, поради која требаше да се повтори постапката. Според информациите, тогаш најниската цена за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција била 71 милион евра. Македонија неподготвена се вклучи во проектот „Александропули“, и скапо нè чини тоа. Според договорот потпишан со грчкиот партнер, Македонија, поточно компанијата ЕСМ е обврзана, според договорот за долгорочен закуп на преносниот капацитет, 15 години да плаќа по 300.000 евра месечно за закуп на капацитет за пренос на гас, сеедно дали се користи тој или не.