На 9 и 10 мај во Скопје ќе се одржи петтото јубилејно издание на меґународниот конгрес на техничките факултети Science@FEIT при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје. Организатор на овој престижен меґународен конгрес е факултетското студентско собрание при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФСС ФЕИТ). Свеченото отворање ќе се одржи на 9 мај 2025 година, во DoubleTree by Hilton, а конгресот ке продолжи на 10 мај во просториите на ФЕИТ во Скопје. Под слоганот „Инженерството ја гради иднината“, Science@FEIT отвора дијалог за улогата на инженерството во современото општество, охрабрувајки ги младите да размислуваат храбро, критички и интердисциплинарно. Во рамките на конгресот ке се одржат предавања за најновите научни и технолошки достигнувања во повеке области како што се електротехника, телекомуникации, сајбер безбедност, машинско учење, вештачка интелигенција, авијација и слични дисциплини.
Зелената транзиција, идните перспективи на енергетскиот сектор, дигиталната трансформација на општествата и заштита од сајбер закани, ке бидат темите на панел дискусиите. Свои излагања на Science@FEIT kе имаат професори, истражувачи, претставници на институции и на домашни и регионални компании водечки во овие области. Една од главните цели на Science@FEIT да создаде платформа за поголема соработка помеґу приватниот и јавниот сектор и иницирање на проекти кои ќе ја интензивираат вклучувањето на науката во реални проекти. На Science@FEIT ке бидат организирани практични работилници за зајакнување на вештините кај студентите, а ќе има простор за поголемо вмрежување помеґу студентите и компаниите. Настанот се одржува со поддршка на JetBrains, Македонски Телеком, Шпаркасе Банка, Infineon Technologies, EVN Македонија, Gerresheimer и Цементарница УСЈЕ. Сите дополнителни информации може да ги добиете на нашиот инстаграм профил @fssfeit.