МАКТЕЛ

     

Пет работи што веројатно не ги знаете за познатиот затвор Алкатраз

      

Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи во неделата го најави отворањето на „Алкатраз“, озлогласен поранешен затвор, кој ќе служи како место за „најсуровите и најнасилни криминалци во Америка“.– Му наложувам на Бирото за затвори, заедно со Министерството за правда, ФБИ и секретарот за внатрешна безбедност, повторно да го отвори значително проширениот и реновиран „Алкатраз“ за да се сместат најсуровите и најнасилни криминалци во Америка – кажа Трамп. Реактуелизирањето на Алкатраз нè наведе малку да истражиме и да споделиме неколку податоци што можеби не ги знаете за познатиот затвор. На овој остров е изграден првиот светилник на западниот брег на Соединетите Американски Држави (САД) во средината на 19 век за да им помогне на бродовите во водите на Тихиот Океан.

Исто така, имало одбранбена тврдина која имала стотици топови подготвени да ја заштитат Калифорнија од каков било поморски напад. Во исто време, бил и природно живеалиште за пеликани, по што и бил именуван. Сепак, Алкатраз станал особено познат, кога оваа карпа, што се извишува над заливот Сан Франциско во северна Калифорнија, служела како федерален затвор со максимална безбедност и бил принуден дом за некои од најопасните гангстери во Америка. Во периодот од 1934 до 1963 година, криминалците кои се сметале за премногу опасни за другите казнени установи кои се наоѓале на копно биле префрлени во затворот познат и како „Карпата“ (The Rock). Најпознатото бегство од овој затвор се случило во 1962 година, кога тројца затвореници исчезнале без трага и никогаш повеќе не се слушнало ништо за нив. Сепак, легендата за неговите ќелии продолжува да живее преку усмените преданија и холивудските филмови. Модел за другите затвори? Првиот одбранбен објект на Алкатраз, карпест остров во Северниот Тихи Океан, бил изграден околу 1850 година и се користел како воен затвор. Властите во тоа време сметале дека географската изолација е доволна пречка за каков било обид за бегство, со оглед на силните морски струи и ниската температура на водата.

   

До 1912 година, на островот бил изграден најголемиот армирано-бетонски објект во светот. Меѓутоа, Алкатраз дури во 1933 година станал познат како посебна казнена институција, која Федералното биро за затвори ја нарекло „затвор над сите затвори“. Тоа значи дека во него биле сместени осуденици кои биле по недисциплинирани и девијантни за другите казнени институции во САД. Затворот служел и како тест модел за таканаречениот „1 на 3“ безбедносен систем, што подразбира еден чувар на секои тројца затвореници. Овој систем подоцна беше воведен и во други федерални затвори во САД. Првиот управник на Алкатраз бил Џејмс Џонстон, кој го гледал затворот исклучиво како место за спроведување строга дисциплина, а не како институција за рехабилитација и социјална реинтеграција на затворениците. Сместувал само по еден затвореник во ќелиите, верувајќи дека тоа ќе спречи организирање на какви било заговори или бегства. Најлошото правило, според сведочењето на самите затвореници, било целосно молчење: разговорот бил дозволен само за време на викендот. Оние кои би ги прекршиле правилата завршувале во „дупката“. Подземна просторија каде што понекогаш останувале по неколку недели во целосна изолација. Мал број, но добро познати затвореници Според Федералното биро за затвори, бројот на затвореници во Алкатраз никогаш не го надминал максималниот капацитет на објектот.

Во просек, во него биле сместени помеѓу 260 и 275 осуденици, што претставувало само околу еден процент од вкупниот број затвореници во земјата. Иако бројот на затвореници бил мал, тие биле претежно добро познати, а за време на Големата депресија имало многумина зад решетките на Алкатраз кои биле вклучени во организиран криминал. Најпознат меѓу нив несомнено беше Алфонс Ал Капоне, мафијаш и шверцер, водач на озлогласена криминална организација со седиште во Чикаго. Ал Капоне бил префрлен во Алкатраз бидејќи, според властите во тоа време, продолжил да ги управува своите криминални активности додека ја отслужувал казната во Атланта. Тој поминал малку повеќе од четири години во Карпата, кога му бил дијагностициран сифилис и бил префрлен во друга институција. Друг познат криминалец кој бил познат надвор од затворските ѕидови бил Роберт Страуд, осуден за убиство. Тој го добил прекарот „Набљудувач на птици од Алкатраз“ поради неговата фасцинација со птиците. За време на претходната казна во Канзас, Страуд имал неколку птици, но бидејќи домашните миленици не биле дозволени во Алкатраз, тој морал да ја задоволи својата страст кон птиците само со читање книги.

Алвин Карпович, познат по прекарот „Морничавиот Карпис“ (Creepy Karpis), бил „Непријател на државата број 1“ на списокот на Федералното истражно биро (FBI) во 1930-тите, а воедно и затвореникот кој бил држен најдолго во Алкатраз. Во оваа казнена установа тој поминал 25 години и еден месец. Гангстерот Џорџ Кели Барнс, познат како Митралез, како и Рафаел Кансел Миранда, член на Порториканската националистичка партија, одговорен за вооружениот напад врз зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон во 1950-тите, исто така, поминале низ затворските ќелии на Алкатраз. Обиди за бегство: Алкатраз бил дизајниран како неосвоива тврдина. Електричните огради, бодликавата жица и кулите со вооружени чувари го направиле еден од најдобро чуваните затвори во земјата. Но, тоа не ги спречило десетици затвореници да се обидат да избегаат. Според официјалните податоци, имало 14 обиди за бегство за време на скоро три децении, во кои учествувале вкупно 36 лица. Според евиденцијата на Федералното биро за затвори, 23 бегалци биле фатени, шест биле убиени за време на бегството, а двајца се удавиле. Сепак, петмината никогаш не се пронајдени и властите ги сметаат за „исчезнати“, иако некои веруваат дека можеби успеале да избегаат.

Првиот обид за бегство е забележан во 1936 година, две години откако Алкатраз бил отворен како федерален затвор. Додека пак, затвореник по име Џо Бауерс се обидел да избега преку затворскиот ѕид, но бил застрелан од стражарите додека продолжил да се качува. Подоцна, со тек на времето, следеле и посложени обиди за бегство. Еден од тие случаи е Џон Џајлс кој бил на еден чекор од слобода во 1945 година. Со помош на украдена воена униформа и фалсификувани документи, тој успеал да се качи на воен брод и да стигне до копното, но властите забележале дека неговата униформа е различна од другите и веднаш го уапсиле. Една година подоцна пак, се случува најнасилниот обид за бегство во историјата на затворот, познат како „Битката кај Алкатраз“. Шест затвореници се нашле со огнено оружје, убиле двајца чувари и раниле уште 18, но не успеале да избегаат. Последните два обиди за бегство се случуваат во 1962 година и ја запечатија судбината на Алкатраз како затвор. Прво, затворениците Френк Морис и браќата Кларенс и Џон Англин исчезнуваат без трага, а единствениот доказ за нивното бегство се нивните личните предмети пронајдени на блискиот остров Анџелоу.

Во официјалните извештаи е забележано дека тие „веројатно се удавиле“. Џон Скот и Дарл Паркер потоа успеале да избегаат низ кујната во подрумот, но биле пресретнати во водите околу островот. Холивудски филмови: Идејата на јавноста за Алкатраз во голема мера е обликувана од холивудските филмови, кои не секогаш се потпираат верно на историски факти и сведоштва. „Алкатраз не беше американскиот „затвор со духови“ како што е прикажан во многу книги и филмови. Всушност, многу затвореници сметаа дека условите за живот, како што е самица, се подобри отколку во другите федерални затвори“, рече портпаролот на Федералното биро за затвори. Еден од најпознатите филмови „Бегство од Алкатраз“ од 1979 година, во кој глуми Клинт Иствуд, го прикажува бегството на Френк Морис и браќата Англин. Филмот сугерира дека тие успеале да стигнат до копното, иако досега нема конкретни докази што го потврдуваат ова. Исто така, Роберт Страуд, познат како „набљудувачот на птици“, стана уште попознат благодарение на неговата биографија, која подоцна е преведена во филмот „Човек-птица од Алкатраз“ (Birdman of Alcatraz) од 1962 година, во кој го неговиот лик е толкуван од Берт Ланкастер.

Филмот „Убиство во првото продолжение“ го прикажува Хенри Теодор Јанг како осамен сирак кој завршува во затвор поради ситни прекршоци, иако според изворите извршил повеќекратни злосторства, а подоцна го убил и својот социклан. Неодамна, за Алкатраз е снимен филм во 1996 година, „Карпата“, во кој глумат Николас Кејџ и Шон Конери, што истовремено инспирираше видео игра со истото име, а ТВ серијата „Алкатраз“ беше снимена во 2012 година, но беше откажана по само една сезона. Зошто е затворен Алкатраз? Покрај обидите за бегство, високите трошоци за одржување и обезбедување на затворот доведоа до официјално затворање на Алкатраз во 1963 година. Министерството за правда на САД процени дека се потребни околу пет милиони долари за обнова на објектот, кој е оштетен од сол и влага, и дека дневните трошоци по затвореник изнесуваат речиси 10 долари, што е значително повисоко отколку во другите затвори во земјата. Сепак, по затворањето на Алкатраз, островот не останал долго напуштен. Група домородни активисти, собрани под името „Домородци од сите племиња“, го окупираа Алкатраз со цел таму да основаат училиште и културен центар. Тие се повикаа на историски права, наведувајќи дека во 19 век поглаварите кои се спротивставувале на американските власти биле затворани на овој остров.

Сепак, нивниот проект се соочил со бројни проблеми, пред сè високите трошоци за транспорт на материјали и храна до островот, внатрешни конфликти, како и голем пожар што уништил поголем дел од зградата. Поради сето тоа, тогашниот американски претседател Ричард Никсон нареди островот да биде евакуиран во 1971 година. Денес, Алкатраз е една од најпосетуваните туристички атракции во Сан Франциско, која ја посетуваат околу 1,3 милиони луѓе годишно. Тоа е исто така почеток на годишниот триатлон „Бегство од Алкатраз“, во кој стотици спортисти докажуваат дека, со соодветна физичка подготвеност и опрема, е можно да се избега од познатата Карпа и безбедно да се исплива до копното. Извор: bbc.com

  

Најново

Црн чад од Сикстинската капела: Конклавата не избра папа при првото гласање

Sase Ivanovski

Денко Малески: Да побрзаме – Единството на ЕУ ќе стане поважно од проширувањето

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Борбен авион се урна во Финска, пилотот се катапултираше

Sase Ivanovski

Пауел: ФЕД не сака да ги намали каматните стапки бидејќи инфлацијата е над целта

Sase Ivanovski

Писателка убиена во Германија, осомничен за убиството е нејзиниот син

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПСЖ е вториот финалист во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со дожд

Sase Ivanovski

Естонија не го пушта словачкиот премиер Фицо да оди во Москва

Sase Ivanovski

Да побрзаме: Единството на ЕУ ќе стане поважно од проширувањето

Sase Ivanovski

Алијанса на Таравари формира изборен штаб во Гостивар, прв човек Исак Љазами

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со дожд

Sase Ivanovski

Топ тема: Таравари е завршена работа за „Вреди“

Sase Ivanovski

24 Анализа – Преписките меѓу Вреди и Таравари уште повеќе ја разгореа политичката реторика

Sase Ivanovski

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

Sase Ivanovski

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

Sase Ivanovski

Филипче: Лажниот патриотизам на ЗНАМ заврши како приватен бизнис-проект

Sase Ivanovski

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит: Тајван би можел да користи камикази чамци за да се заштити од кинеска инвазија

Sase Ivanovski

Чеченскиот воен лидер, Рамзан Кадиров вели дека сака да си даде отказ, но му е потребна дозвола од Путин

Sase Ivanovski

Носач на авиони на американската морнарица во борбата во Црвеното Море изгуби трет Супер Хорнет. Авионот вреден 60 милиони долари при слетувањето не успеал да застане на пистата…

Sase Ivanovski

На 11 мај (недела), во 11 часот на Школка во Градскиот парк, по шести пат ќе се одржи инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“

Sase Ivanovski

Почнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција. Треба да биде готов во 2027 година

Sase Ivanovski

Купови ѓубре и канти полни со смет утрово стоеја пред противпожарните излезни скали на Државното обвинителство кое формираше обвинителски тим за и го истражува пожарот во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе токму поради неисполнување на противпожарните стандарди

Sase Ivanovski

Миловановиќ: Се додека некој има против Македонија неможе да напредува на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Пендаровски: Срдечна средба со мојот пријател и пријателот на Македонија, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Нов гасоводен интерконектор, дигиталната инфраструктура ќе биде мотор за напредок, над 10 милиони денари за промоција на земјоделството

Sase Ivanovski

Јаневска: Во соработка со швајцарската Хелветас и шведски Волво, развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила

Sase Ivanovski

Ковачки: Заврши времето на уцени и закани од ДУИ, потребно е да ги исчистат криминалците од своите редови и да се реформираат

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: Владејачкото мнозинство е стабилно, победник на локалните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ковачки: Членови на Судски совет служат на луѓе кои жестоко се борат да ја задржат моќта во правосудството со цел да се спасат од постапките за криминал

Sase Ivanovski

Стојаноски: Ќе го понудиме целиот политички легитимитет на локалните избори, работиме на конкретен план и програма

Sase Ivanovski

Индија изврши напад врз Пакистан по масакрот во Кашмир, Пакистан тврдат дека собориле пет индиски авиони

Sase Ivanovski

Денеска почнува конклавата за избор на нов папа

Sase Ivanovski

Две грабнувања во Тетово, едната жртва била малолетник кој што бил претепан со тупаници и железна палка

Sase Ivanovski

Змиите во урбани средини се ретки и не се опасни, треба само да се заобиколат, советуваат биолозите

Sase Ivanovski

Студенти што примаат семејна пензија останаа без право на субвенциониран оброк

Sase Ivanovski

Анти-ЕУ објава манипулира со стар говор на Урсула фон дер Лајен

Sase Ivanovski

ЕУ не е „фашистичка“

Sase Ivanovski

Авионот на Вучиќ откако слета во Баку, го продолжи летот кон Москва

Sase Ivanovski

Експерти од Шведска ги едуцираа македонските општини за селекција на отпад

Sase Ivanovski

ИРЛ: Пратениците немаат храброст да започнат надзорна расправа за Кочани, Тетово и автобуските несреќи

Sase Ivanovski

Николски за заемот од шест милијарди евра: Не знам како е пласирана информацијата, но делот дека толку ќе се задолжиме е погрешно пренесен

Sase Ivanovski

Мерц ќе разговара за нуклеарното одвраќање со Франција и Велика Британија

Sase Ivanovski

Индија ги отфрла тврдењата за соборени авиони како „дезинформација“

Sase Ivanovski

СДСМ: ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал, СДСМ ќе објави целосни документи!

Sase Ivanovski

Германска поддршка за земјава во Берлинскиот процес

Sase Ivanovski

Bransys 17 години иновации и успеси, оваа година прославува во Лас Вегас на WasteExpo 2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…

Sase Ivanovski

Под мотото Инженерството ја гради иднината – на 9-10 мај по петти пат ке се одржи меґународен конгрес Science@FEIT

Sase Ivanovski

Guns N’ Roses ја отворија турнејата со сет листа од 22 песни, а на следниот концерт додадоа 6 нови песни – што не чека во Белград на 18 јули

Sase Ivanovski

Фудбалерите на Шкендија се новите шампиони на Македонија

Sase Ivanovski

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше еко-смарт настан во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје

Sase Ivanovski

181 студент остана без студентски оброк поради користење на семејна пензија, Јаневска најави дека проблемот ќе биде решен

Sase Ivanovski

Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција

Sase Ivanovski

Разрешен специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Викторија Трајков: Предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ!

Sase Ivanovski

МОН: ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија

Sase Ivanovski

ДОГОВОРЕНА ТЕСНА И ДИРЕКТНА СОРАБОТКА МЕЃУ ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата со хрватскиот претседател

Sase Ivanovski

МЗШВ: На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит – Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од 9 месеци

Sase Ivanovski

Јаневска: демократското образование создава активни генерации кои се свесни за човековите права и одговорно се однесуваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 5 фирми покажуваат како се прават пари во Штип: Лани имале профит поголем од 16 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овчари нема ниту за 2.000 евра месечно: Главата им е свртена кон тутунарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во ГРУЗИЈА, мажите од, цело семејство клекнале на колена и побарале прошка затоа што член од нивното семејство прегазил човек од друго семејство

Sase Ivanovski

Кумановската „Рапид Билд“ ќе ги гради македонските 67 километри од гасоводот со Грција

Sase Ivanovski

За една година цените пораснале за 2,2 отсто, најмногу поскапеле кафето, соковите и маслото

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретна со Милановиќ – потврдена поддршката за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Гордан Калајџиев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Саботажа сезона 11 бр. 58

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски: Ако не е добро за цел свет, не е добро ни за дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски – ПЕТ НОВИ АВТОПАТИ ДО 2029: Македонија ќе биде европски центар за карго транспорт – НИКОЛОСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Ќе успее ли мисијата на Рамсар да го спаси Преспанското Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

ЧУВАЈТЕ ГО ПОРЕДОКОТ И ВРАТЕТЕ ЈА ДОВЕРБАТА КАЈ НАРОДОТ Мицкоски им се обрати на полицајците

Sase Ivanovski

СИЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО И СИЛНА ПОДДРШКА Сиљановска Давкова го пречека хрватскиот колега Милановиќ во Скопје

Sase Ivanovski

ЗА 3 ГОДИНИ ВЛОЖЕНИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ШТИП Поддршката и развојот ќе продолжат, уверува Перински

Sase Ivanovski

ЗАТВОРЕНИК ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР ГИ НАТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ Едниот го расекол со стаклен предмет

Sase Ivanovski

ШТО БАРА ЛИДЕРОТ НА СДСМ ВО ДРУШТВО СО УЖИВАТЕЛИ НА ДРОГА? Манасиевски објави слики од Филипче и Андон Стојков

Sase Ivanovski
Вчитувам....