Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска издаде предупредување на мрежата Х, велејќи дека Хутите во Јемен ќе претрпат „тешки удари“ од Израел доколку продолжат да ја напаѓаат земјата. Кац нагласи дека израелските одбранбени сили (ИДФ) се подготвени за секаква мисија, објави „Тајмс оф Израел“.
Во својата изјава, Кац рече дека Израел мора да биде способен „самостојно да се брани од каква било закана или непријател“. „Го предупредувам и иранското раководство дека ја финансира, вооружува и управува терористичката организација Хути дека методот на посредување е завршен и оската на злото е соборена. Вие сносите директна одговорност – напиша тој. Изјавите доаѓаат еден ден откако Хутите рекоа дека прекинот на огнот постигнат со Соединетите држави нема да спречи продолжување на нападите врз Израел.