16.8 C
Скопје
08/05/2025 20:40
МАКТЕЛ

     

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

      

Дали од култна алтернативна сцена Младинскиот културен центар во Скопје се претвори во промотор на шунд и турбо фолк. Кога културната јавност дозна дека во киносалата „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) се организира турбно-фолк аудиција, многумина тоа го доживеаа како културен шок, а некои и како симболичен крај на една ера. Институција која повеќе од половина век претставуваше бастион на алтернативната и андерграунд култура, место каде младите растеа со критичка мисла, слободен израз и протестен дух, сега како да станува мегдан за натпревар во кич, шунд и антикултурни вредности.

Аудицијата беше замислена како можност за млади пејачи од Скопје да го покажат својот талент пред жири составено од Аца Лукас, Мира Шкориќ и Зоран Беочанин – Сотир. Настанот привлече бројна публика, но предизвика и бурни реакции. Меѓу оние кои реагираа на социјалните мрежи беше и македонскиот филмски режисер Вардан Тозија, кој го постави прашањето зошто токму МКЦ, „бастионот на младинската креативна мисла“ мораше да биде платформата за ваков тип на културна понуда.

Вардан Тозија, режисер | Фото: лична архива

   

„Не наоѓам потреба да го изнесувам својот став за турбо фолкот – секој е слободен да си ја следи музиката што ја сака, но – постои огромен избор на места за тие настани: спортски сали, пивофести, питијади, ноќни клубови, турбо-фолк кафеани, општински вашари, бордели за наши политичари во Емирати… зошто мораше овој локален ‘меинстрим’ да се внесе и во бастионот на младинската креативна мисла? Поради личен хир или ситен опортунизам?“, прашува Тозија во изјава за Мета.мк.

Тој остро ги критикува и аргументите на економските прагматисти кои го оправдуваат настанот со комерцијалната логика. „Дали е пример за комерцијала доколку следниот директор на Македонскиот народен театар, да речеме, одлучи дека после полноќ сцената може да функционира како простор за изразување на стриптиз уметници? Или да организираме перформанс на празнично колење јагниња и мобилни печењари среде Филхармонија? За секој настан постои просторен контекст, посебно доколку станува збор за национална куќа“, заклучува тој.

Парадоксот е уште поголем ако се земе предвид историјата на самата институција. Основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 Мај“, МКЦ е симбол на независната сцена во Скопје. Во текот на изминатите децении, во познатата Денсинг сала настапуваа врвни музички и уметнички имиња од регионот, меѓу кои и Екатерина Велика, Лајбах, Шарло Акробата, КУД Идијоти, Азра, Хаустор, Дарквуд Даб, Дисциплина Кичме, како и домашни култни бендови како Архангел, Мизар, ПМГ Колектив, Бернајс Пропаганда, Фолтин, Леб и Сол и многу други. МКЦ не е само концертен простор, туку институција каде се родија многу независни културни иницијативи, алтернативни фестивали, уметнички експерименти и граѓански отпори.

Сепак, денес таа реалност изгледа дека се менува. Уметникот Матеј Богдановски вели дека од установа замислена како платформа за млади таленти, без разлика дали се аматери или професионалци, МКЦ со текот на времето се прилагодува на новите пазарни услови. „Со напуштање на социјалистичкото уредување, МКЦ мораше да се прилагоди на покомерцијално работење. Така што како градска институција, покрај јавниот буџет, почна да наплатува услуги, издавање простор, изнајмување опрема, организирање концерти и тн“, објаснува тој.

Матеј Богдановски, уметник | Фото: лична архива

Според него, промените се видливи и во однос на изборот на културна понуда. Галеријата која некогаш им служеше на младите дипломирани уметници од Факултетот за ликовни уметности како прво изложбено место, денес е трансформирана во простор за „елитна уметност“, како што сакал да ја нарекува еден од поранешните директори.

„Јавноста денес е осетлива на прашањата околу сѐ што се случува во и со МКЦ, но сепак се чини дека во реакциите секогаш има повеќе носталгија и идеализирање на работите отколку рационално согледување и прифаќање. Но дали тоа значи дека секој што сака да изнајми простор во МКЦ, треба да го добие без разлика на содржината?“, прашува Богдановски.

Тој додава дека не гледа проблем во организирање настани за млади, дури и кога тие не му се допаѓаат на некој дел од јавноста. „МКЦ го има секое право – може да се каже и должност – да го направи тоа, бидејќи се работи за настан наменет за млади. Тоа што на некој не му се допаѓа содржината на тој настан, сметајќи го за недостоен за МКЦ, за мене е исклучивост“, вели тој. Сепак, додава: „Култура е она што се негува. Токму непромовирањето на квалитетната култура и немање понуда на добри содржини во општеството, младите ќе ги насочи кон она што го има во оптек – меѓу другото и турбофолкот“.

Нино Наумов, диџеј | Фото: лична архива

Диџејот Нино Наумов, пак, потсетува дека во МКЦ низ годините настапувале артисти кои денес се дел од глобалната алтернативна сцена. Според него, задачата на институцијата е да го овозможи тоа искуство и за новите генерации. „Има млади на кои им е потребно да ги доживеат своите омилени алтернативни артисти на фестивали низ Европа и светот. И како држава треба да најдеме начин дел од овие да ги донесеме во алтернативни простори како МКЦ, независно дали се работи за музички, театарски или друг тип на фестивали“, вели Наумов.

Ваквите реакции не се изненадувачки ако се земе предвид контекстот на актуелната состојба со институцијата. При обидите за поставување на пејачот Бени Шаќири за нов директор на МКЦ во 2023 година младите организираа протест. Тие предупредуваа дека начинот на поставување, без транспарентна постапка и без консултација со заедницата, претставува ризик за автономијата и културната мисија на институцијата. Уште тогаш се стравуваше од замирање на автентичниот дух на МКЦ. Шаќири, сепак, на почетокот на 2024 година стана директор на Младинскиот културен центар. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

НАВИСТИНА ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ НОВАТА OPEL MOKKA БЛЕСКА ВО НОВИТЕ БОИ

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформите се постојана обврска заснована на докази, транспарентност и јавна доверба“

Sase Ivanovski

Македонска опера и балет: Риголето, Лебедово езеро, Набуко – почнуваат Мајски оперски вечери!

Sase Ivanovski

Николоски: Арсовска целосно потфрли, ќе понудиме квалитетен кандидат за Скопје

Sase Ivanovski

Заврши Генералното собрание на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата во Букурешт- донесени се повеќе одлуки

Sase Ivanovski

Георгиевски: Изградивме ново основно училиште, нов дел на градинка, нов спортски комплекс, ја развиваме општина Илинден во современо место за живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС измислува анкети, Филипче си ги лечи фрустрациите со лажни бројки

Sase Ivanovski

Национална платформа за вработување на Роми – Отворање на економскиот потенцијал преку инвестирање во ромската заедница

Sase Ivanovski

СООПШТЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КНИЖЕВЕН ФЕСТИВАЛ “ОТВОРЕН КРУГ”

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со што толку ги задолжил наркодилерот Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?

Sase Ivanovski

Промоција на нов хумористичен роман од Кацаров во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишан договор за изградба на гасоводен интерконектор со Грција, најголема енергетска инвестиција во последните 10 години

Sase Ivanovski

Во израелски напади врз ресторан и пазар во Газа загинаа 33 Палестинци

Sase Ivanovski

Кој ќе касне праска, ќе порасне, ако има 600 денари за килограм!

Sase Ivanovski

Скопјанец осуден на една година условно за коментари против ЛГБТ заедницата и повикување на насилство

Sase Ivanovski

Во изминатите два дена 1.452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење

Sase Ivanovski

Муртезани: Реформската агенда 2024 – 2027 има способност да ги претвори политичките приоритети во видливи промени

Sase Ivanovski

Тројца албански криминалци уапсени во Дубаи, ќе бидат екстрадирани во Тирана

Sase Ivanovski

ГТЦ и Градска болница од утрово се без вода поради дефект на улицата кај „Холидеј ин“

Sase Ivanovski

Николоски: Не верувам дека Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ

Sase Ivanovski

Мистеријата на доцнењето на црниот чад: Што навистина се случува зад затворените врати на Конклавата?

Sase Ivanovski

Обвинет призна вина за ширење омраза кон маргинализирана група

Sase Ivanovski

Вработена на универзитет во Варшава убиена во напад со секира

Sase Ivanovski

ДЗР: Недостатокот на стручен кадар, просторни и други услови ја ограничува функционалноста и искористеноста на современата медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра

Sase Ivanovski

Нова размена на оган меѓу Пакистан и Индија

Sase Ivanovski

Швајцарскиот франк наполни 175 години

Sase Ivanovski

Ирска: Двајца Бугари осудени на 10 години затвор за шверц на 300 килограми кокаин

Sase Ivanovski

Нема конкретен датум, Мицкоски планира во најскоро време да се сретне со родителите од Кочани

Sase Ivanovski

Украина се откажува од доларот, еврото станува нова референтна валута?

Sase Ivanovski

По Индија, во „фаза на брза војна“ влегува и Кина за да го нападне Тајван

Sase Ivanovski

Солун: Уапсени 28 членови на крајно десничарската организација заради грабежи и насилни дела

Sase Ivanovski

Ескалација на насилството во Кашмир: Артилериските напади одзедоа животи на цивили, бројот на жртви се зголемува

Sase Ivanovski

Страшна несреќа во Хрватска: Тројца загинати откако автомобил падна во река

Sase Ivanovski

Апасиев потврди дека е во Москва: Не сум во задњи ред кај Трамп, добив официјална покана

Sase Ivanovski

“Низ Бугарија, Турција до Азербејџан, низ Грузија, преку Каспиското Море” Вучиќ раскажа по кој пат стигнал во Русија

Sase Ivanovski
Вчитувам....