Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга, кривично ќе одговараат правното лице, односно продажниот објект, управителот и вработениот што му овозможиле да купи алкохолни пијалаци, соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против правно лице од Струга, управителот Т.Б.(44) и вработената В.Н.(54), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалаци на дете“.
– Пријавените физички лица, без да побараат документи за идентификација, во нивниот продажен објект, на малолетно лице од Тетово, му овозможиле да купи алкохолни пијалаци од чие консумирање, подоцна кај него настанало труење по што, во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга. На тој начин пријавените постапиле спротивно на забраната за продажба на алкохолни пијалаци на малолетни лица, изјави портпаролот Стефан Димоски.