ГЕРАСИМОВСКИ: Да се стане родител е најголемата чест, но и најголемата обврска. Затоа сме тука – да подадеме рака, да ги охрабриме и да ги потсетиме родителите дека не се сами
Знаеме дека секој ден со дете е предизвик, но и благослов. Затоа, и оваа година доделивме еднократна помош од 7.000 денари за новороденчиња, за да им го олесниме почетокот. Денеска добивме 100 нови причини да се бориме за подобро, побезбедно и похумано секојдневие.
Паркот на Франкофонија денеска беше полн со детска енергија, насмевки и надеж. И тоа е сликата што ја сакаме за Центар – место за живот, љубов и иднина.