Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип дополнително ја вознемири јавноста. Дивеење како на филм, за на крај да слушнеме за убиство на уште еден млад човек, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа праша како е возможно турски државјанин да поседува пиштол, чие е возилото со кое бегал и пукал дури и на патарина и кој го дозволил ова безредие или најточно кажано анархија?
„За 10 месеци Македонија се претвори во Див Запад. Серија убиства се случија само во Скопје – убиство во Мавровка, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари. Македонија се соочува со безбедносна криза. Министре Тошковски, уште убиства е потребно да се случат за да ви пропаботи совеста и да превземете одговорност.“, изјави Кузеска и додаде дека СДСМ бара целосно расветлување за убиство во Штип и одговорност за секој друг нерешен случај.