Нeколкупати сме имале можност да видиме ситуации кога натпревари или спортски настани на отворено се прекинуваат доколку постои опасност од громови. Новото видео кое доаѓа од Италија, а кое е снимено за време на тренинг на една од младинските селекции на Фиорентина, најдобро покажува зошто е така. Mладите фудбалери на Фиорентина до 18 години тренираа кога одеднаш гром удри на теренот. Громот удри во дел од теренот во близина на кој во тој момент се наоѓаше поголемиот дел од играчите, а некои од нив веднаш паднаа на тревата. На крајот се заврши без посериозни последици, што навистина е голема среќа имајќи во предвид како обично завршуваат вакви ситуации.
Jeeze! This is the Fiorentina under 18 football team training when lightning struck the pitch ⚡️
📍 Italy pic.twitter.com/P08ZdIEm6E
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) May 7, 2025