Од владиниот коалиционер ВРЕДИ во денешното соопштение истакнаа дека по почетокот на екоакцијата „Генералка викенд“, оваа година влегуваат и во огромно чистење на, како што велат, политичките отпадоци од ДУИ кои долго време останале вкоренети во локалните самоуправи.
-„Генералка викенд” не е само симболична акција таа претставува одраз на европските вредности во пракса. Граѓанска одговорност, заедничка ангажираност и посветеност за почиста животна средина и подобра иднина. Но оваа акција не е крајот таа е само почетокот. Затоа што оваа година нема да се фокусираме само на чистење на јавниот простор, туку и на чистење на политичката сцена! Влегуваме во година на големо чистење, кога граѓаните конечно ќе имаат можност да ги отстранат политичките отпадоци што со години го попречуваат развојот. Фосилите на ДУИ, кои останаа вкоренети во локалната власт без никаква визија, ќе бидат испратени таму каде што им е местото во историјата, покрај нивните сопартијци во опозиција, за конечно да се реформираат или рециклираат- велат во соопштението. Оттаму ги повикуваа сите граѓани да станат дел од оваа, како што се вели во соопштението, нова енергија со која ќе се „чисти“ се, од улици па до општински институции.