Само неколку дена откако Венко Филипче изјави дека нема златна виза за Дубаи, истиот тој признава – има. И не само што има, туку „преговарал со болница“, а сега тоа било „ставено на стенд бај“. Граѓаните имаат право да прашаат:
Како се добива златна виза за преговори? Зошто визата ја криел? Зошто нема ниту еден доказ за постоење на каква било приватна болница поврзана со него? Во кое својство преговарал – како министер, пратеник, партиски функционер или приватен бизнисмен? Доколку визата не е заради инвестиции, тогаш за што е? И што точно е ставено на „стенд бај“ – некоја болница или нечија совест?
Ова е уште еден доказ дека раководството на СДС се обидува да ги лаже граѓаните, да прикрие бизниси и да бега од одговорност. Додека Филипче „преговарал“ по Дубаи, Македонија тонеше во здравствен хаос, а народот се бореше со маски, страв и недостиг од лекови. Време е СДС и нивните лажни реформатори да одговараат – пред законот и пред народот. Македонија е премногу долго заложник на нивните манипулации и договори под маса.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ