Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Киев се обидел да ја наруши и прекине парадата на 9 мај во Москва, но, како што наведе, руската противвоздушна одбрана во тие денови била ефикасна. Путин и Ердоган детално разговараа за иницијативата за преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул Песков потсети дека претседателот на Украина Володимир Зеленски, пред прославата на Денот на победата и 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, изјави дека не може да ја гарантира безбедноста на странските лидери кои ќе присуствуваат на парадата во Москва на 9 мај, пренесе РИА Новости.
Рускиот функционер додаде дека Зеленски, исто така, тврди дека Русите самите ќе ја организираат провокацијата, додавајќи дека таквите изјави „се граничат со лудост“. Според Песков, режимот во Киев испратил група беспилотни летала како „доказ за лудост“, но руските сили за противвоздушна одбрана дејствувале многу ефикасно.