24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи. Филипче се крие и молчи, додека јавноста бара одговори за тоа како Филипче се стекнал со златна виза за Дубаи, која инаку се стекнува со инвестиции. Дали молкот на Филипче е потврда на нашите тези кои повеќе од два месеци ги претставуваме во јавноста. По стапките на неговиот ментор Заев, Филипче еднаш негира, еднаш признава дека има златна виза. Човекот толку многу лаже, што веќе не знае што е вистина, а што е лага. А по наша проценка, се што кажува Филипче, лаже.
Го прашуваме Филипче повторно, како ја добил златната виза? Која е приватната болница со која Филипче преговарал? Кога Филипче преговарал и која функција ја има извршувано? Дали станува збор за бизнис како неговиот ментор Заев и дали и Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи? Исто така, Филипче да одговори од каде му се парите за бизнисите со Заев, бидејќи со државни примања, бизниси по Дубаи не се прават. Манипулаторот и чиракот на Заев, Венко Филипче е прочитан. Филипче е човек без образ и срам. Тој нема кредибилитет да води партија, а камо ли нешто повеќе. Венко Филипче е продолжение на криминогениот Заев. Венко Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција.