Како да се справите со е-пошта која вели дека вашиот уред е хакиран и дека камерата е користена за снимање на интимен чин „Здраво перверзњаку“ е начинот на кој започнува е-поштата, и застрашувачки изгледа како да е испратена од вашата сопствена сметка. Станува збор за уцена, во која примачот е предупреден дека е снимен во компромитирачка ситуација и ќе биде изложен ако не плати. Испраќачот предупредува: „Ова е многу лоша ситуација за тебе“, или нешто слично заканувачко.
Е-поштата што моментално кружи е секстинг измама. Станува збор за фишинг напад при кој луѓето се принудени да дадат пари со тврдење дека постои инкриминирачко видео од нив како посетуваат порнографски веб-страници, кое ќе биде споделено со пријатели и семејство. Сајбер-криминалците тврдат дека инсталирале Pegasus шпионски софтвер за тајно да го снимаат корисникот. Според нив, овој софтвер снимил како лицето гледа порнографија или мастурбира. Како изгледа измамата Фишерот вели дека добил пристап до вашите уреди и направил видеа преку вашата камера, кои се заканува дека ќе ги сподели со „секој број во твојата контакт листа“, или слични зборови. Во пораката што ја видел Guardian, измамникот вели: „Ова ќе биде цунами што ќе сруши сè на својот пат“, додавајќи дека има моќ да „ти го уништи животот“.
Измамата изгледа поверодостојно бидејќи содржи технички детали што звучат реално, како што е користењето на Pegasus софтвер кој може да снима повици или да собира фотографии. Понекогаш пораката може да содржи и лозинка што навистина сте ја користеле. Што бара е-поштата Откуп. Во примерот споделен со Guardian, криминалецот бара да му се исплатат 1.450 долари (1.085 фунти) во криптовалутен паричник. „Ќе бидам известен кога ќе ја отвориш мојата е-пошта и од тој момент имаш точно 48 часа да ги испратиш парите“, стои во пораката. Откако ќе се направи исплатата, тој тврди дека ќе ги „избрише сите видеа“ и ќе го деинсталира Pegasus. Фишинг нападите: Фишинг нападите се дизајнирани да влијаат на емоциите на луѓето за да се однесуваат невообичаено, според Националниот центар за сајбер безбедност на Обединетото Кралство (NCSC). Фишерот игра на бројки, надевајќи се дека доволно луѓе ќе одговорат за измамата да биде профитабилна. Меѓутоа, NCSC вели: „Тие не знаат дали имате веб-камера, дали сте посетувале порнографски страници или како комуницирате со другите. Накратко, тие претпоставуваат. Фишерот се надева дека ќе ве погоди емоционално за да ја ‘загризете мамката’ и да ја платите откупнината.“ Што да направите: Не му/и одговарајте на измамникот бидејќи со тоа потврдувате дека адресата што ја користи е активна. Не отворајте никаков атачмент. Ако сте во искушение да ја платите откупнината, имајте предвид дека тоа веројатно ќе ве направи поголема мета за измамници, бидејќи фишерот ќе знае дека има „подготвен“ клиент, предупредува NCSC Извор: Гардијан