Емисија за најмладите е резултат на соработката меѓу „Макпетрол“ и „Телма“ со популарниот актер Сашко Коцев. Забавниот проект, наречен „ЛОЛ со Макпетрол“, денес во 16:15 часот ќе ја има премиерата на фреквенцијата на националниот ТВ-канал. Публиката ќе има можност да ужива во смеата секоја недела во споменатиот термин. Како што и укажува популарното „емоџи“ во името, целта на ова шоу ехуморот, но пренесен низ размислувањата на најмладите.
– Начинот на којшто децата комуницираат, на којшто ги опишуваат работите со типично свои, оригинални, зборови, е неизмерно богатство и токму тоа е клучна инспирација за оваа емисија. Секогаш е многу забавно да се разговара со нив, особено за оние теми што ние возрасните ги нарекуваме „сериозни“, а за најмладите се нешто сосема поинакво. Тие кон нив не пристапуваат како ние, со некоја тежина, туку им приоѓаат со леснотија и верувам дека баш тоа успеваме да го пренесеме преку емисијата. Без разлика што не се искусни како нас возрасните, ова шоу покажува оти можеме многу да научиме од тој нивен искрен пристап – вели Коцев.