Државата не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери. Време е за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари, порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски од Охрид, до раководството на СДСМ. Тој денеска присуствува во Охрид, во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“.
-Тие беа трговци, а нашите белези на главите стојат сѐ уште тука, зошто? Верувавме ние во тие концепти, за жал не’ продадоа. Но, тие лоши трговци менуваа, за жал, и трампеа бајадери за корнишони. И тоа не смееме никогаш повеќе да го дозволиме. Се играа со тоа што е најсвето за сите нас и ги поминаа сите граници, рече Димитриевски. Време е, како што посочи, да го вратиме достоинството, чесноста и визијата во политиката.
-Народот ќе зборува. И ќе победи на претстојните локални избори, додаде Димитриевски.