Европските берзански индекси денес пораснаа по веста дека САД и Кина постигнаа договор во Женева за значително намалување на меѓусебните тарифи за 90 дена, што претставува чекор кон деескалација на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.
Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 1,72 проценти на 23.886,55 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,56 проценти на 8.602,30 поени, францускиот CAC 40 за 1,37 проценти на 7.843,22 поени, московскиот MOEX за 3,25 проценти на 2.942,40 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 0,29 проценти на 41.249,38 поени, индексот S&P 500 за 0,58 проценти на 5.659,91 поени, додека вредноста на индексот Nasdaq остана стабилна на 17.928,92 поени.