Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари од Врапчиште, на отворањето на штабот за локалните избори, најави дека партиските тела ќе одлучат да ја напуштат Владата. Таравари нагласи дека „побарале поддршка, за да донесат промени“, но како што додаде, „оваа промена не е промената, што ја очекуваа Албанците“. Ова го објави ТВ 21.
Телевизијата ја цитира изјавата, која ја даде Таравари во овој контекст: „Минатата година побаравме поддршка, за да донесеме промени. Но оваа промена, што ја имаме, не е промената што ја очекуваа Албанците. Тоа е неоспорен факт. Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ.
Сакаме да не бидеме кукли кога сме во владата. Не можеме да го дозволиме ова: или ќе бидеме како што треба, или подобро да не бидеме во владата. Бидејќи, не сакам активистите да мислат дека ние сме се сместиле таму и оти не мислиме за Албанците. Штом не можеме да ги вработуваме, штом не можеме да им ја вршиме работата, тогаш е подобро да му се вратиме на народот.“