Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денес ќе потпише извршна наредба за намалување на цените на лековите на рецепт на нивото што го плаќаат другите земји со високи приходи, по цени за кои процени дека се од 30 до 80 проценти пониски отколку во Соединетите Американски Држави.
Во објава на платформата Truth Social, Трамп рече дека ќе потпише извршна наредба за спроведување на она што се познати како меѓународни референтни цени, објави Ројтерс. Производителите на лекови очекуваат наредбата да се однесува на широк спектар на лекови, покрај оние што моментално се предмет на преговори според Законот за намалување на инфлацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден.