Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини, двајца исклучителни луѓе со силна визија, страст и желба за позитивна трансформација.
Џанкарло, како сопственик на Tether (USDT), е еден од највлијателните луѓе во светот на криптовалутите, а неговата посветеност кон иновациите и глобалниот развој е навистина инспиративна. Разговаравме за идеи, потенцијални соработки и заеднички иницијативи кои можат да донесат вистински промени. Благодарни сме за нивната поддршка, визија и вербата во македонскиот потенцијал. Ваквите средби се потсетник дека со вистинските луѓе, сè е можно.
View this post on Instagram