„Арбен Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ, тој цело време правеше притисок одвнатре за да нема резултати“. Ова меѓудругото го изјави еден од лидерите на ВРЕДИ, Биљал Касами, во интервју за „360 степени“. За тоа како го коментира ставот на Таравари, кој тврди дека дури 70% од етничките Албанци се незадоволни од позицијата на ВРЕДИ во Владата, Касами рече дека „Пред доаѓањето на Таравари во коалицијата не се зборуваше за поделби, туку за соединување“.
„Дека оваа влада нема сериозни поместувања во делот на правата на Албанците, не е вистина. За застојот во носење закон за соодветна и правична застапеност, кој треба да го замени т.н. „балансер“ виновен е Таравари“ смета Касами.