Адвокат, застапувајќи ја својата беспомошна мајка, не можел со полномошно да извади персонализирана пензионерска картичка од ЈСП Скопје затоа што неколку шефови во јавното претпријатие му барале заверка на полномошното, иако тоа не било потребно. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди повеќекратна дискриминација врз основа на возраст попреченост со оневозможување на пристапност до услуги кон лица со физичка попреченост и возрасните лица од страна на ЈСП Скопје и директна дискриминација во областа на работата и работни односи врз основа на лично својство од страна ЈСП Скопје кон адвокат. Подносителот ја поднел претставка лично во свое име поради попречување во вршење на службените дејствија како адвокат и воедно, во име на неговата мајка поради непристапност на канцеларијата за билети на ЈСП Скопје. Подносителот добил полномошно од неговата мајка -да ја застапува во управна постапка за заверка на нејзината персонализирана пензионерска картичка за користење на услугите на јавен превоз за територијата на град Скопје. Вршејќи ги своите адвокатски должности, подносителот постапил според дадените насоки во службено својство, односно во својство на адвокат полномошник и ја посетил канцеларијата за верификација на патни билети за превоз, лоцирана во станбено деловен комплекс во близина на Капитол Мол. Понатаму, појаснува дека оваа канцеларија се наоѓа во отворен дел, до кој се пристапува по скали кои водат во нивото под земја и кои не се заштитени со соодветен покрив, немаат соодветни гумени ленти за заштита од лизгање и се изложени на атмосферски влијанија, како што се снег, дожд, слана и друго. Toj појаснува дека неговата мајка е родена во 1945 година и има здравствени проблеми со ногата, поради што не би можела да се симне по тие скали, без да се лизне, падне или да се повреди. При обидот да ја изврши неговата службена должност и да ја регистрира персонализираната пензионерска картичка за користење на услугите на јавен превоз за територијата на град Скопје, на која имало фотографија од подносителот добил неочекуван одговор од страна на две вработени. Тие му рекле:
„Мајка ти треба сама да дојде, ти нема што да бараш овде, на што подносителот одговорил дека тој постапува во својство на нејзин адвокат и дека ги има потребните документи за да ја изврши соодветната заверка за користење на картичката во текот на 2025 година. По тоа, подносителот го дал на увид адвокатското полномошно, заверено согласно Законот за адвокатурата, адвокатската легитимација и картичката на неговата мајка. И покрај прикажувањето на овие документи, вработените рекле дека мора да се јават и да ја прашаат нивната шефица како да постапат во ваква ситуација. Подносителот појаснува дека вработените телефонски ја добиле нивната шефица, но и таа сакала да се консултира со нејзиниот шеф за конкретната ситуација. По кратко време се јавила нивната шефица со одговор дека за таква ситуација, без оглед дали станувало збор за адвокатско полномошно, истото морало да биде заверено на нотар за да се смета за веродостојно при заверката на картичката. На тоа, подносителот изјавил дека таквата практика не е во согласност со Законот за адвокатурата и дека адвокатското полномошно за управни постапни не подлежи на дополнителна заверка. Но, вработената го исклучила телефонот и го оневозможила подносителот да й го предочи истото на нејзината шефица. Подносителот потенцира дека и покрај неговото укажување дека таквата практика е спротивна на законот, како и дека се работи за повозрасно лице, вработените постојано му повторувале „мајка ти лично да дојде или да донесеш заверено нотарско полномошно”.
По негодување од страна на подносителот, била повикана полициска патрола од ПСОН Аеродром. Подносителот и ним им укажал на правните норми од областа и на неговите законски надлежности да постапува само со адвокатското полномошно, како и дека нема потреба истото да го заверува на нотар. Од страна на полициските службеници бил упатен да поднесе соодветна прекршочна пријава доколку смета дека била сторена повреда на законските одредби. Во продолжение подносителот потенцира дека неговото присуство во просториите на ЈСП Скопје било од службена природа, заради извршување на дејствијата содржани во полномошното, а не во својство на „патник/дечко”, како што вработените сакале погрешно да го претстават пред полициските службеници. Адвокатот смета дека вработените во ЈСП Скопје ги прекршиле законските одредби од Законот за 1 адвокатура, а со тоа и одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација, ставајќи го во неповолна положба како адвокат врз основа на неговата работна позиција службено лице, регистрирано согласно Законот за адвокатурата дискриминаторска основа: лично својство, а во однос на како што наведува инфериорна правна позиција на адвокатското полномошно во скратена форма на управна постапка (заверка на автобуски билет за пензионери). Подносителот тврди дека е дискриминиран во однос на неговата работа и дејност, а како резултат на тоа е оневозможен пристап до услуги во однос на застапување на клиент во остварување на неговите службени овластувања.
Освен ваквата практика на ЈСП. која директно го засега подносителот, во претставката се посочува и на индиректна дискриминација кон мајката на подносителот. Тоа од причина што услугата нема да може да ја добие (поради појаснетата практика на јавното претпријатие), доколку не дојде лично во просториите и го завери годишниот пензионерски билет, а во спротивно ќе и биде ускратена можноста од користење на јавен градски превоз. Практиката на ЈСП влијае кон неа, како и кон останатите пензионери кои не би можеле да дадат полномошно на адвокат заради заверка на нивните билети за јавен превоз. Во произнесувањето од ЈСП Скопје се вели дека „секое физичко лице има право да биде корисник на превозна услуга на територијата на град Скопје, под одредени услови за користење, согласно Интегрираниот тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје“. Појаснуваат дека корисниците своето право за добивање на персонализирана електронска картичка го стекнуваат врз основа на поднесено барање за издавање на возен документ и со приложување на документација за докажување на својот статус. Во однос на наводите за местоположбата и состојбата на канцеларијата, од јавното претпријатие тврдат дека е ирелевантно каде се наоѓа конкретната канцеларија за верификација на патните билети, бидејќи претпријатието за обавување на својата дејност има повеќе канцеларии/филијали за верификација на патни билети за превоз на територијата на градот Скопје.
Според нив секое повозрасно лице кое е физички оневозможено да се движи по одредени препреки”, како пример наведуваат скали, има начин побарувањето за услугата да го оствари во друга канцеларија за верификација на патни билети за превоз на ЈСП. Во однос на наводите на подносителот кои се однесуваат на конкретниот настан од 2.1.2025 година, од ІСП Скоте појаснуваат дека тој се однесувал недолично и со повишен тон кон вработените во конкретната канцеларија. Воедно, тврдат дека личната карта на неговата мајка не била приложена на увид, што тврдат дека е спротивно на правото за добивање персонализирана електронска картичка, согласно член 27 од Одлуката за интегрираниот тарифен систем во линискиот превоз на патници во Градот Скопје од 12.1.2016 година, заверен под бр. 14-29/1. Врз основа на таквата фактичка состојба, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација констатира: Со посоченото постапување на вработените во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје кон подносителот на претставката, тој е ставен во неповолна положба при остварување на неговите службени должности. Имено, подносителот како самовработено лице адвокат, регистриран за вршење на адвокатска дејност поради дејствијата на вработените во ЈСП Скопје бил спречен да ги извршува своите работни задачи. Комисијата цени дека токму околноста што тој е самовработено лице, кој самостојно ги извршува професионалните должности, односно неговото професионално својство е причината за конкретното постапување на вработените во ЈСП Скопје. Доколку се претпостави дека подносителот бил во друго службено својство, а не адвокат, не би бил спречен во извршување на неговите должности.
Орце Костов