МАКТЕЛ

     

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

      

Градоначалникот на Општина Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, се повикува на Законот за локална самоуправа кој бара ваков процес да запре шест месеци пред редовни локални избори и да продолжи по нив

360°: Колегите од БИРН пред извесно време објавија дека документирале седум случаи во Тетово каде што инвеститори добиле градежни дозволи за пониски згради, уште веднаш поставиле темели за повисоки, а во меѓувреме со Општината почнале процедура за промена на деталните урбанистички планови, односно практично приспособување на своите бизнис-планови. Зошто толерирате ваков пристап?

   

Касами: Видете, ако не сите, а најверојатно и сите тие згради се почнати пред да дојдам јас на власт во Тетово. И како и во други случаи, се обидувам да најдам решение. Тоа што беше погрешно протолкувано во јавноста, изјавата на шефот на секторот за урбанизам дека за нас е важно да се земат парите… За нас е важно да најдеме решение и сигурно тоа што е по закон, значи луѓето што инвестираат да плаќаат комуналии, затоа што претходното искуство беше дека се градеше бесправно и некој земаше пари, сега за да имам контрола дека тие пари одат во буџетот и одат за проекти и за интерес на граѓаните…

360°: Тоа нели е де факто изигрување на законите?

Касами: Не, не е изигрување на законите.

360°: Ама ако сте добиле дозвола за четири ката, а правите осум?

Касами: Ама, значи откога е почнато како градба, тие веќе биле договорени со некого за така да биде, зашто не може да почнат градба за осум ката, а да имаат дозвола за четири.

360°: Но, вие сега што правите различно, само им го легализирате тоа?

Касами: Не, јас правам различно – тие пари наместо да одат во нечии џебови, ќе одат во буџетот на Општината и ќе се реализираат проекти.

360°: Значи, во право бил шефот на секторот за урбанизам?

Касами: Значи, тоа е целта на Општината – да собира пари и да реализира проекти. Така што и другото дека бизнисот планира ние да реализираме, така е, јас тоа го кажувам јавно, јас сум во поддршка на бизнисите, кој сака да гради да дојде во Тетово. Но, истовремено ние работиме каде што можеме да ослободиме повеќе јавен простор и тоа го знаат граѓаните во Тетово.

360°: Ви бараат парк, меѓу другото.

Касами: Да, и ќе има парк.

360°: Каде?

Касами: Во „Шик Јелак“. Значи, таму последен пат што се започна иницијатива за промена на урбанистичкиот план, зашто подоцна ние добивме информација дека повеќето од земјиштето уште е државно, тој дел ќе се пренамени за државни институции, ќе се градат некои објекти што се потребни на општината, на некои други државни агенции во Тетово, но повеќе од тоа ќе биде парк, ќе биде игралиште, ќе биде простор од јавен интерес.

360°: До каде е процесот на преименување и именување улици во Општина Тетово?

Касами: Иако имаше некои пречки и ако е многу деликатен затоа што Тетово немаше таков процес, иако беше една од општините со најголем развој и проширување на границите на градот и на урбаниот дел, добро оди процесот. Комисијата веќе има одржано неколку јавни анкети, имаме добиено многу квалитетни имиња…

360°: Имавте очигледна разлика со партнерот ВМРО-ДПМНЕ – тие зборуваа само за именување на улиците кои или немаат имиња или се означени со број, а вие зборувате и за преименување на улици што веќе имаат имиња.

Касами: Видете, сега тоа е во дефиниција. Кога го почнав процесот на градба на градскиот стадион во Тетово, формално-правно оди процес за реконструкција на постојниот, зашто има стадион, но ќе се гради сосема нов објект. Исто и во делот на именување на улиците, иницијативата е за именување на улиците, но тоа не значи дека ако граѓаните бараат некои од имињата да останат, дека нема да останат. И тоа не само за имињата кои имаат, нели, како да кажам, македонски предзнак. Значи, има и неколку улици кои имаат имиња со албански дејци кои можат, ако бараат да останат, ќе останат. Значи, формално-правно оди како процес на именување на улици, но реално тоа не значи дека сите улици кои имаат име, ќе им се промени името.

360°: Но, пред локални избори нема да го терате тоа?

Касами: Не, зашто Законот за локална самоуправа за именувањето на улиците бара шест месеци пред одржување на редовните локални избори да престане процесот и да продолжи потоа.

   

Најново

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski
Вчитувам....