Денеска се навршуваат 10 години од оружената престрелка во кумановско Диво насеље. На 9 и 10 мај 2015 година загинаа осум припадници на македонската полиција, положувајќи ги своите животи во одбрана на Куманово и државата, посмртно одликувани со медали за храброст. Во чест на загинатите херои пред нивното спомен обележје, делегација од општина Куманово предводена од секретарот на Општината Емилија Сларидис – Јаневска положи свежо цвеќе, поклонувајќи се пред нивната храброст, посветеност и пример за зачувување на безбедноста на граѓаните.