Откако на 12 мај 2025 година крилото на АА и нејзиниот лидер Арбен Таравари донеоа одлука за излегување од Владата на Република Македонија, веднаш потоа Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, од Вреди, се огласи со жестока реакција преку својот фејсбук-профил. Преку својата објава на општествената мрежа Меџити му порачува на Арбен Таравари: „Ти не ја донесе промената. Ти ја попречи промената. Ти не се враќаш кај народот. Ти се враќаш на црната листа. Ти не ја напушти владата. Ти ја предаде владата. Ти не го претставуваш духот на членството на Алијансата за Албанците – АА. Ти го измами членството на АА.“
„Ти не си херојот на оваа историја. Ти си разочарувањето на секој Албанец – интелектуалец или необразован, работник или бизнисмен, маж или жена – ти си разочарувањето на секој активист и симпатизер, на секој Албанец кој гласал за промените, кој ги поддржал промени.“ „Вреди го продолжува патот на промените. Ги покануваме сите активисти, симпатизери и гласачи, кои се чувствуваат измамени, предадени и оставени на средината на патот без насока. Политичкиот компас на промените е Вреди. Дојдете со нас!“ – наведе Изет Меџити преку фејсбук.