Украинските специјални сили преку видео на социјалната мрежа Икс тврдат дека уништиле руски систем вреден 45 милиони долари. Тие објавија дека употребиле борбени беспилотни летала за да го уништат рускиот ракетен систем Бук-М3 и повеќекратниот ракетен систем „Ураган-1“.
Сили спеціальних операцій ЗСУ знищили новітній БУК-М3 та РСЗВ “Ураган-1”.
Відео: ССО pic.twitter.com/ECwInUMUcl
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) May 13, 2025
Бук-М3 е еден од клучните руски системи за воздушна одбрана и се користи за погодување цели во воздух, на копно и на море. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски замина во Турција, каде наредните денови треба да се сретне со членови на руската делегација со цел мировни разговори, а истакна дека во Истнабул очекува да го види и Владимир Путин, бидејќи, како што изјави Зеленски, тој е единствениот со кој би ги водел овие преговори.