18.9 C
Скопје
14/05/2025 12:27
МАКТЕЛ

     

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ!

      

Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне впечаток дека моралната вертикала што ја продавал била само фатаморгана, односно меур од сапуница. А од обвинувања кон другите партнери за кукларство, на крај се чини дека всушност тој е кукларот кој ги влече конците и управува со своите политички партнери кои му дале доверба. Пишува: Теофил Блажевски

Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство изјави дека ја напушта власта зашто не биле задоволни од односот на Владата и ВЛЕН кон положбата на Албанците во државата и од позицијата на државата кон евроинтеграциите. Она што го кажа синоќа по одлуката на партиските органи зошто си одат, всушност подецидно го појасни во неделата (09.05.), говорејќи на неформално предизборно претставување во Врапчиште. Во дел од тие изјави може да се регистрира спин:

Спин: Побаравме поддршка минатата година за да донесеме промени, но оваа промена што ја имаме не е промената што ја чекаа Албанците и тоа е непобитен факт. Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледајте ја ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани…Кога сите трчаат да влезат во Влада, ние сме навикнати да излегуваме од Владата…Сакаме да избегнеме да бидеме марионети кога сме во влада.
Ова не можеме да го дозволиме…, бидејќи не сакам активистите да мислат дека сме сместени таму за да не мислиме на Албанците. Не можеме да ги вработиме, не можеме да им ја завршиме работата, затоа е подобро да се вратиме кај народотрече меѓу другото претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

[ИзворТВ 21/албански – Таравари/Врапчиште/вест; Датум – 11.05.2025]

   

Контраспин: Министерот за здравство (2017 и 2024-2025), Арбен Таравари, ќе биде запаметен како единствениот лидер на некоја од партиите на Албанците во Македонија кој врз основа на спинови прави влези-излези кога сака од централна власт и тоа со две дијаметрално спротивставени коалициски влади, на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа во таа смисла го прави да изгледа исклучително прагматичен политичар. Секако тоа е негово право и негов избор, но притоа во комуникациските ставови со јавноста ја извртува вистината, т.е. спинува за причините, а во конкретниот случај со евроинтеграциите и со позицијата на коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ – ВЛЕН и ЗНАМ кон Албанците.

Таравари: Мицкоски е суперзападно ориентиран!

Таравари, кој беше и претседателски кандидат на ВЛЕН на изборите во 2024 г., до пред крајот на минатата, па и на почетокот на оваа година имаше цврсти ставови во поглед на владината политика за евроинтеграциите, наведувајќи дека С. Македонија има право да бара гаранции, во смисла дека кога процесот кога ќе започне со промена на Уставот, тој и ќе заврши без барање на нови отстапки од страна на Бугарија или некој друг од соседите. Зборувајќи во интервју на „Вин-Вин“ на ТВ Телма, во истиот ден кога во Скопје присуствуваше претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лаен (24.10.2024 г.), на прашањето на новинарката за ЕУ интеграциите и за тоа што претпоставува дека била позицијата на премиерот Христијан Мицкоски во разговорите со неа, Таравари одговори:

…„Многу легитимно и од премиерот, ни треба некаква гаранција – нели, ни даваат гаранции од 2018 година од Преспанскиот договор, па се случи 2019 годинаГаранција да ги започнеме и да ги завршиме преговорите. Јас мислам дека топ приоритет на оваа влада и на државата генерално е Македонија да се качи на возот за ЕУ, да не остане во двојката во која што се Косово и БиХ и да биде третата држава од таа група… Мислам дека по сѐ што се случуваше Македонија заслужува некаква потврда од Брисел и Вашингтон дека нема да се побара нешто екстра од Македонија. После 2018 година заслужуваме да имаме некаква стопроцентна увереност во Владата
Сигурен сум дека премиерот Мицкоски е прозападно ориентиран и тој прави доста напори Македонија за да не остане во таа група со Босна и Косово… мислам дека е суперзападно ориентиран...(Види ТУКА по 14 мин.).

По ова следува дел каде што Таравари прави проценка дека по изборите во Бугарија и САД, С. Македонија ќе започне со уставните измени уште во декември, бидејќи ќе се најде некакво решение на релација Брисел-Софија-Вашингтон.

Таравари: Доколку си отидеме само ДУИ ќе печали

Во декември пак, Таравари уште еднаш се осврнува на ова прашање, директно одговарајќи што станало со предизборното ветување на ВЛЕН дека коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од 6 месеци ќе ги започне уставните измени или ќе излезе од Владата. Божем давајќи му рок на ВМРО-ДПМНЕ до јануари 2025 г. да ги отпочне уставните измени, Таравари, де факто, повторно ги брани позициите дека без гаранции ЕУ интеграциите ќе останат закочени, а дека ќар ќе има само ДУИ:

Си дадовме услов до јануари 2025 година да се направат уставните измени. Гледам дека еден од политичките аналитичари вели: „Рековте ли дека ќе ја условувате Владата ако не се направат уставните измени да излезете од Влада?“. Еве, хипотетички ви велам, Алијансата не е во Владата? Еве, ВЛЕН не е во Влада? Можеме ли ние Албанците сами да ги направиме уставните измени? Еве господинот Ахмети вели напуштете ја Владата и ВЛЕН решава да го послуша и ја напушта Владата. Но, што правиме? Каков е резултатот од тоа? Знаеме, но и премиерот во Собранието рече дека има постојан притисок. Господине, кажете ни што ќе се случи ако излеземе од Владата? Дали имате план? Велите дека не влегувате во Влада, ВМРО и ЗНАМ се, но без Албанците не може да има Влада. Практично може да има затоа што имаат над 60 пратеници со ЗНАМ. Но, колку ова ќе биде функционално? Господинот Ахмети не е јасен. Ајде да седнеме со ВЛЕН и да му кажеме дека тоа е планот. Така излегувате, ние влегуваме, не влегуваме… Постојано ДУИ носат луѓе да лобираат да влезат во Владата, ова изгледа парадоксално, рече Таравари и додаде „дека ДУИ на средбите со граѓаните покажува дека нема план“. (извор: ТУКА).

Истото Таравари го беседеше и во февруари 2025 година. Во интервју за РСЕ, кое беше предмет и на рецензија на Вистиномер, Таравари изјави:

Колку што гледам, премиерот е подготвен, меѓутоа бара некаква гаранција. Дали тоа ќе биде од Софија, Брисел или Вашингтон, тоа е ирелевантно, но и дека ова е последно условување за Македонија. Дека е претерано условувањето кон Македонија и за ЕУ и за НАТО, тоа е непобитен факт.

Ставовите на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме не се промениле од предизборниот период, одговорот од Брисел и од Софија, исто така не е сменет, Вашингтон делува преокупирано со други проблеми, но Таравари сега веќе нема разбирање за гаранциите и за него евроинтеграциите стануваат еден од клучните проблеми поради кои треба да се напушти Владата. И ВЛЕН. Спин е и ставот на Таравари за балансерот како проблем. Говорејќи во истото интервју на Вин-Вин откако беше донесена одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот како алатка, Таравари остро распали по ДУИ дека и таа гласала во стратегијата за реформи на администрацијата да се укине алатката, а освен тоа наведе и бројки дека алатката не покажала многу ефикасност, бидејќи пред нејзиното воведување во 2015 година биле вработени 7 отсто Албанци во јавниот сектор, а по воведувањето до 2024 г. само 1,5 проценти. Таравари тогаш се заложи дека треба да се најде сеопфатно законско решение во кое ќе бидат решени и други диспаритети при вработувањето во јавниот сектор, кои ќе се надминат со соодветна родова политика, итн: Tреба да изнајдеме решение коешто е прифатливо со што пошироко консензус. (од 20-40 мин.види ТУКА)

Истото го изјави и десетина дена претходно:

Подготвуваме нов закон, кој се надевам дека идната недела ќе биде на јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека ‘балансерот’ не функционираше како што треба

Сега Таравари вели: Ако не можеме да ги вработуваме Албанците зошто сме во Влада?

Истиот однос лидерот на АА го имаше и при актуелизацијата од страна на ДУИ дека Албанците смислено се маргинализираат во државата од страна на Владата, потсетувајќи на предизборни и постизборни изјави на функционери на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ. Сите такви тврдења ги отфрлаше, а сега тоа за него е актуелен проблем, a Таравари и неговите сопартијци не сакале да бидат марионети, т.е. кукли додека конците ги влечел некој друг.

***

Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Кога Зоран Заев стапи во коалиција со Зијадин Села, а Таравари беше именуван за министер, тој го напушти здравство по само два месеца, а проблемите во неговиот роден град Гостивар ги оцени како посуштински важни од проблемите во здравството во државата. Всушност, по негирањето во август 2017 г., во септември Таравари дури изјави и дека сакал да си се провери во базата! Овој пат, од позиција лидер на АА влегувајќи преку ВЛЕН во коалиција со Мицкоски, екимот Таравари „дури“ по десет месеци го напушта здравството. Од прагматични потреби. За него и неговата партија, тој повторно во прв план ги става проблемите во Гостивар и уште неколку други општини меѓу кои и Сарај. Прагматично. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне впечаток дека моралната вертикала што ја продавал била само фатаморгана, односно меур од сапуница. А од обвинувања кон другите партнери за кукларство, на крај се чини дека всушност тој е кукларот кој ги влече конците и управува со своите политички партнери кои му дале доверба.

   

Најново

Потпреседателката на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во посета на Кочани.

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: На виралното видео Макрон не крие „ќесичка кокаин“ туку обично хартиено марамче за нос

Sase Ivanovski

Вистиномер: Измислен цитат му се припишува на Фидел Кастро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Владата инвестира во здравството и образованието, се градат нови патишта и спортски сали

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема намера да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Ристески: Таравари се враќа во прегратките на луѓето кои го осакатија државниот буџет во изминатите години

Sase Ivanovski

Вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија е изнесена на виделина – денес, промоција во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Петровска: Заминувањето на Таравари го покажува дефектот во владината коалиција

Sase Ivanovski

Студио 10 – Разговор со Златко Перински

Sase Ivanovski

Петрушевски: Нема среќа врз туѓа несреќа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најдобрата работа е да бидеш зафатен…

Sase Ivanovski

Какви се цените на ист производ кај нас, во сосдеството и ЕУ?

Sase Ivanovski

ВРХОВЕН НА 7 МАЈ ЈА УКИНАЛ ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА ВАСИЛ ЗА ДИЛАЊЕ ДРОГА Возачот што ја усмрти Фросина немал правосилна пресуда против него како отежнителна околност

Sase Ivanovski

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, некои Европејци забораваат кои биле лошите момци…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арапски коњи ја придружуваат поворката на Трамп по пристигнувањето во Саудиска Арабија со Илон Маск…

Sase Ivanovski

Папата Лео, во првиот познат разговор со странски лидер, разговара со украинскиот Зеленски…

Sase Ivanovski

Индија го прекина молкот откако авионот Рафал, наводно, бил соборен од пакистански ловец од кинеско производство…

Sase Ivanovski

Прекрасната канцелариска зграда „Ананас“ во Синисело Балсамо, во близина на Милано, Италија…

Sase Ivanovski

Моника Марвез: Мажите никогаш не се менуваат…

Sase Ivanovski

Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Sase Ivanovski

Прислушкуван разговор: Фикрет Абдиќ и Ратко Младиќ. Oпсадата на Сараево 29.05.1992. Снимка која е сокриена од јавноста во БиХ…

Sase Ivanovski

Топ Тема: Ќе паѓаат ли каматните стапки на кредитите за домаќинствата и компаниите?

Sase Ivanovski

Адвокатот на Васил: Казната е превисока, иста ваква сообраќајка во 2019 година е завршена со 3,5 години

Sase Ivanovski

Обвинителство: Во историјата на овој суд не е изречена 12 години казна затвор за вакво дело

Sase Ivanovski

Димитриевски: Филипче мора јавно да каже што изнел, што однел, чие однел и што планирал

Sase Ivanovski

Aleph го проширува партнерството со Spotify за управување со глобалната продажба на реклами во повеќе од 80 пазари

Sase Ivanovski

Фрчкоски: Кривичната пријава е банална, срамна и полна со неправилности

Sase Ivanovski

СДСМ: Сопруги, ќерки и браќа на истакнати ВМРО-вци се новите специјализанти во Клиничката болница – Штип

Sase Ivanovski

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓоргија Пулевски, таа на Кочо Рацин искршена

Sase Ivanovski

Унгарија воведува нови ригорозни закони и казни за дилерите на дрога

Sase Ivanovski

Почина поранешниот претседател на Уругвај, омилениот и скромен Пепе Мухика

Sase Ivanovski

САД санкционираше параван-фирма на Иран која заработувала милијарди преку шверц на нафта

Sase Ivanovski

Нови Сад: Ученици ѝ испратија писмо на поддршка на професорка која во притвор штрајкува со глад

Sase Ivanovski

Скоро секој шести работник на „Нисан“ ќе биде отпуштен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека уништила руски ракетен систем вреден 45 милиони долари

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска на коалицијата на криминалот

Sase Ivanovski

Бела куќа: Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Sase Ivanovski

Песков: Руската делегација ќе ја чека украинската страна в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Sase Ivanovski

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Sase Ivanovski

Анализа на Си-Ен-Ен: Деловните врски на семејството Трамп со Блискиот Исток се зголемија повеќе од трипати

Sase Ivanovski

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нема да соработува со некој што е близок со ДУИ

Sase Ivanovski

Се сакаа си делеа комплименти на крај ни најавеното кафе за збогум ќе го немале

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот милијардер во Албанија го споделува своето патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Томовски: Доцниме, но државните возила наскоро ќе добијат таблички во боја

Sase Ivanovski

Автокампот Рино во Струга е надобро рангираниот во Македонија

Sase Ivanovski

Ножеви и мачета пронајдени во автомобил на Табановце, приведени Романци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали Крис Павловски ја бара гробницата на Александар Велики?

Sase Ivanovski

22 ОД 34 ОПШТИНИ ВО ГРАДОВИТЕ НЕ ГО ИСПОЛНУВААТ СТАНДАРДОТ ЗА ОЗЕЛЕНОСТ, УТВРДИ ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

Sase Ivanovski

Кумановец измамен за над 100.000 евра. „Купувале“ фиктивни станови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Свинската маст се враќа на трпезата: Научно оправдана и здрава

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ ДОНЕСЕ ИСТОРИСКА ОДЛУКА, ОФИЦИЈАЛНО ГО ПРИЗНА ММА СПОРТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

Муцунски: Економската и трговската соработка во фокус на средбата со државниот секретар Хакан Јеврел

Sase Ivanovski

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Sase Ivanovski

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Sase Ivanovski

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Sase Ivanovski

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Sase Ivanovski

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Sase Ivanovski

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Семејството на Кулакова повикува на протест по пресудата на Васил Јованов

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ со рокада во образованието и во здравството?

Sase Ivanovski

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Sase Ivanovski

Играта „Dune Awakening“ е во фаза на отворена бета

Sase Ivanovski

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

Sase Ivanovski

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Sase Ivanovski

Пренџов: Сè додека оваа актуелна политичка генерација предводена од премиерот Мицкоски е на чело на државата, Али Ахмети и ДУИ нема да бидат дел од Владата

Sase Ivanovski

„Гуш и бац е љубов“: Ден кога децата учеа, се играа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Влада: Усвоена е информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите, ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта

Sase Ivanovski

Јаневска: растат платите во образованието, инвестираме во инфраструктурата и во нови наставни програми и учебници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен велешанец, управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полициски службеник

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Досега не се разговарало за размена на ресори, Таравари пак се интересираше само за бизниси и за Груби и за Заев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ – Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија во контекст на сегашните геополитички случувања

Sase Ivanovski
Вчитувам....