Судијката од Основниот суд Велес, Емине Качал, следните два месеци ќе работи во судот во Кочани, бидејќи таму има недостаток и невозможно е навремено да се носат судските одлуки. Со 11 гласа „за“, Калач времено е испратена да работи во тој суд. Ова доаѓа по големата трагедија и покренувањето на истрагата за пожарот во „Пулс“. Претходно, членот на Судскиот совет, Весна Дамева, кажа дека ниту еден судија од Велес не прифатил, самоволно, да суди во Кочани.
„Одржана е вонредна седница на Кривичниот оддел во Велес и сите судии не се согласија да бидат делигирани. Им држат аргументите дека ќе биде нарушена ефикасноста на судот. Секако дека ќе има побавна правда, но за тоа не се виновни ниту Основен Велес, ниту Судски совет, ниту Кочани“, рече членот на Судскиот совет, Весна Дамева. На седницата на Судскиот совет, беше кажано дека веројатно ќе има потреба да се пратат плус двајца судии во Кочани, кога ќе се покрене обвинение.