Досега се избројани само 34.400 апликации поднесени од ССМ, што е половина од нивното членство, а другите синдикати немаат поднесено документи. Последната седница на Економско-социјалниот совет се одржа на почетокот на февруари и нова не е на повидок. Во земјава нема репрезентативен синдикат. Комисијата што Владата ја формираше, застана со броењето уште пред велигденските празници и не е мрдната оттогаш. Досега се избројани само 34.400 апликации поднесени од ССМ, што е половина од нивното членство, а останатите синдикати немаат поднесено документи.
Последната седница на Економско-социјалниот совет се одржа на почетокот на февруари и нова не е на повидок. Ова е трагично за земја што има десетина независни и еден главен борец за работничките права, кои располагаат со по повеќе десетици членови, што предизвикува сомнеж во добрите намери на Владата да добие соодветен партнер во ЕСС, велат синдикалците. По првомајскиот протест, ССМ води интензивна кампања за привлекување нови членови под мотото „Не им работи за џабе, приклучи се на Сојуз на синдикатите на Македонија! Само заедно можеме да се избориме за работничките права“.