Синоќа во Базел се одржа првата полуфинална евровизиска вечер на 69-то издание на популарната музичка манифестација. Десетте земји кои се пласираа во финалето се Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина. Хрватскиот претставник Марко Бошњак не се избори за пласман во финалната вечер. Не се пласираа ниту Словенија, Кипар, Белгија и Азербејџан. Втората полуфинална вечер ќе се одржи утре, а пак финалето е во сабота, на 17-ти мај.
Учествуваат 38 земји под мотото ,, „Единството ја обликува љубовта“. Македонија не е дел од Евровизија трета година по ред поради финансиски проблеми на јавниот сервис МРТ, но сепак МТВ и Македонското радио вршат директен пренос на настанот. Според обложувалниците, предвидувањата се дека Шведска ќе ја освои победата на Евровизија 2025. Зад неа се Австрија, Франција, Холандија, Израел, Финска…