Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители на свежо месо „Македонско прасе“, вечерва во гостување на ТВ „21“ рече дека земјоделството во земјава во иднина ќе се соочува со голем проблем, а тој очекува пад на производството поради многу фактори.
„Младите не сакаат да работат земјоделство. Тоа е најголем проблем. Тука би додал дека сè повеќе се иселуваат. Државата треба да се занимава со нас кои останавме земјоделци. Не очекуваме да бидеме платени повеќе од некои сектори, но да бидеме соодветно платени. Нè очекува многу тежок период, се појавуваат болести на животните од година во година. Во иднина не сум толку оптимист дека ќе имаме зголемено производство – или ќе го одржиме или ќе паѓа. Околу субвенциите, треба да се исплаќаат навремено“, рече Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека месото кое го произведуваат домашните производители е здраво и безбедно за јадење.
„По укажување на Агенцијата на храна и ветеринарство, месото од страна на домашните производители е здраво да се јаде. Гледаме дека се фаќа шверцувано месо, со поминат рок, со прештампан рок на употреба и тоа се изолирани случаи. Ние сме една од ретките во светот што јаде домашно, свежо и природно хрането. Месото од фарма, кланица преоѓа во месара, тој пат е набљудуван од инсепктори од АХВ“, рече Ѓорѓиевски.