Во последните недели, инспектори од Министерството за образование и наука на Украина одат по училници, проверуваат списоци, документација и испитни резултати. Целта? Да утврдат дали мажите над 25 години, кои формално се водат како студенти, навистина одат на настава – или се запишани само за да избегнат мобилизација. Оваа пролет, како што најави заменик-министерот Михаило Виницки, ќе биде клучна: по завршувањето на семестарот, многумина ќе бидат избришани од студентските списоци.
„Веќе е јасно дека многу од овие студенти ќе бидат исклучени врз основа на нивното непосетување и неуспех на испитите“, изјави Виницки за украинскиот медиум „Џеркало тижња“. Контролите се вршат на над 100 универзитети низ земјата. Се проверува физичкото присуство на предавања, се разгледуваат испитните резултати и документацијата од факултетите. Идејата е да се утврди кој студира поради вистинска потреба, а кој се сокрил зад индексот за да не оди во армија. Иако многумина ќе се соочат со исклучување, Виницки посочува дека има и мажи кои искрено се посветени на образованието.
„Постојат и примерни студенти – луѓе кои ја разбираат важноста на учењето и се подготвени да придонесат во иднината на Украина. Тие се наш човечки капитал и сакаме да ги поддржиме“, додаде тој.