Министерството за внатрешни работи со апел до матурантите за време на матурските прослави да не возат автомобил, да не пијат алкохол и да не консумираат наркотички средства. Сообраќајната статистика, како што велат од МВР, покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а неретко и го губат својот живот“, се вели во апелот. Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот, како што се наведува, е првенствено кај младите, но и кај нивните родители.
„Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без консумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, се вели во апелот на МВР.