21.1 C
Скопје
15/05/2025 12:33
МАКТЕЛ

     

Сведоштво: Преживеаните од „Пулс“ се лекуваат во импровизирани услови во кочанската болница, персоналот пред колапс

      

Една докторка во кочанската болница лекува и третира 128 пациенти со тешки изгореници по главата и телото, во една операциона сала, во импровизирани услови, без специјална када, со кофи и влажни крпи и без конкретна финансиска помош од владата, но и без психолошка помош. Ваква е состојбата на повредените млади луѓе кои се вратија во Кочани по два месеца од пожарот во дискотеката „Пулс“, најголемата трагедија во современата историја на Македонија во која загинаа 62 млади луѓе, а чии семејства сѐ уште протестираат за правда и проширување на истрагата во која се осомничени 59 лица.

Протест во Скопје на родителите на настараданите во дискотеката во Кочани / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Иако Владата тврди дека целосно е обезбедена медицинска, финансиска помош и логистичка поддршка, преживеани, како Лазе (31), сведочат дека се лекуваат во импровизирани услови, се соочуваат со повеќе стравови за себе и своите сограѓани, а за логистичките и финансиски потреби најмногу се потпираат на волонтерите од „Сапорт Кочани“ и донации. Лазе за „Слободен печат“ раскажува за процесот на лекување откако ја преживеал трагедијата во дискотеката во „Пулс“. Тој живее во Германија, а кобниот викенд дошол на 3 дена во Кочани.

Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

   

Во пожарот се здобил со изгореници од втор и трет степен, а најкритични се тие на главата. Лазе сега е на домашно лекување откако 20-тина дена поминал на интензивна нега и пет дена во болничка соба, по што бил пренесен на преглед во Скопје, а потоа пуштен на амбулантско лекување во Кочани. Неговите рани сѐ уште се отворени. Фотографии од тоа како изгледа неговата глава кога бил вратен на лекување од болницата „Пирогов“ во Софија, беа споделени вчера на инстаграм-профилот на волонтерите од самосоздадениот кризен штаб за засегнатите од трагедијата, „Сапорт Кочани“.

– Имам изгореници од втор и трет степен на главата и рацете. На рацете ми пресадија кожа, а за главата не се одлучив за истиот зафат. Решив така поради конзилијарното мислење на лекарите, кои констатираа дека иако процесот на заздравување ќе биде многу побавен, состојбата на мојата глава ќе се подобри постепено, со соодветна терапија, како би избегнал и белези кои настануваат со трансплантацијата на кожата – раскажува Лазе.
16 март 2025: Роднини на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ чекаат пред болницата во Кочани / фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Заздравување во импровизирани услови, персоналот пред колапс

Двајца физијатри, двајца хирурзи, како и физиотерапевти, инструментарки и медицински сестри од Клиничка болница-Штип и Општата болница во Кочани ја завршија шестнеделната обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина, информираше викендов Никола Костадинов, физијатар на Одделението за физикална терапија при Клиничка болница-Штип. Тој истакна дека по добиените сертификати, обучените лекари и медицински персонал освен што биле вклучени во рехабилитација на повредените во двете болници, ќе можеле и самите да вршат обуки и да го пренесуваат знаењето на своите колеги. Но, според зборовите на Лазе, состојбата во кочанската болница е поинаква. Тој тврди дека секојдневно, на една рака се бројат луѓето кои во моментов ги лекуваат сите повредени пациенти во трагедијата.

– Докторката која нѐ прегледува, викендов беше над 30 часа на работа. Најверојатно и спие во болницата. Многу деца имаат потреба од медицинска помош за лекувањето. Во болницата нема када за да ги избањаат. Јас можам дома сам да се избањам, но има деца во полоша состојба кои не можат дома да се избањаат и мора медицинско лице да ги избања.
Според моите информации, докторката го прави тоа со потешко повредените, во операционата сала, во импровизирани услови, зашто како што реков, нема када. Се користат кофи, влажни крпи… Нема споредба на условите во Бугарија и тука. Таму имаше специјална када, нѐ капеа медицински лица. Немам зборови за тие 5 луѓе коишто се грижат за нас секојдневно.
Дефинитивно недостига медицински кадар. Од Скопје од пластична хирургија ни доаѓаат медицински лица, кои на 2 до 3 недели ни прават ПРП и ПРФ третмани со трансплантација на крвна плазма за побрзо заздравување на кожата – додава Лазе.
Соба за пациенти во кочанската болница

Тој вели дека со оглед на тоа какви се условите во болницата, чувствува голема благодарност за натчовечките напори на медицинскиот персонал што ги лекува повредените. Сега стравува за младите сограѓани кои допрва треба да се вратат од лекување во странство поради две причини: недостиг на кадар за потешките случаи и недоволна, односно никаква психолошка помош за преживеаните.

– Условите во болницата се лоши, но премногу сум благодарен сум за односот на докторката која е заложена за сите нас, зашто таа нема замена. Нѐ третира сите повредени, сите го чекаме нејзиниот повик кога да одиме во болницата, затоа што рутината на некои од повредените трае и до 6 часа. Затоа ни требаат најмалку тројца доктори на кои ќе се потпрат пациентите.
Јас, како и сите други, цел ден чекам дома да ми се јави докторката, за да ме извести кога да одам на потребниот третман, кој трае околу еден час. Јас сум подобар, и психички и физички, но главата ми прави голем проблем. Среќна околност е што докторката, која навистина не знам како постигнува, се грижи и ни е достапна 24/7. Но што е со тие што допрва треба да се вратат и се во уште потешка состојба?
Многу ни е потребна и психолошка помош, особено групни терапии, затоа што некои од децата имаат сериозни последици и не можат ни да зборуваат, а камо ли да прифатат дека нивниот живот се променил. Имаме млади сограѓанки без коса, лицата им се во ужасна состојба. Преживеале, ама сега треба да живеат со последиците од кобната ноќ – вели нашиот соговорник.
Кочанската болница

Меѓу другото, Лазе апелира и дека многу е потребна и медицинска поддршка за реализирање на потребната физикална терапија, иако физијатарот Никола Костадинов викендов уверуваше дека обуките се завршени, обучени се кадри и има услови за овој дел од лекувањето.

– Нема никакви услови за физикалната терапија, која ни е потребна на сите повредени. Има само тројца физиотерапевти, кои работат со сите деца, а немаат никакви справи за да ни помогнат. Вежбаме во импровизирани услови, ни помагаат колку што можат, но тешко е затоа што немаат со што да работат – објаснува тој.

Лазе вели дека до овој момент, медицинскиот кадар што секојдневно ги лекува е единствено од Кочани и дека немало ниту една (не)официјална средба меѓу преживеаните со претставници или врвот на Министерството за здравство.

– Сите луѓе што работат со нас се од Кочани, освен медицинските лица што доаѓаат од Скопје од Клиниката за пластична хирургија и неколку странци од Светската здравствена организација. Товарот за секојдневната грижа паѓа на 5 лица за сите нас. Никој од Министерство за здравство досега не нѐ посетил. Да не е докторката и тие неколку луѓе што на рака се бројат не знам што ќе правиме, а пак ќе кажам, не се ни вратени сите пациенти кои се најтешко повредени – додава тој.

Во хипербарната комора третирана само една пациентка

Извори од болницата во Кочани за „Слободен печат“ велат дека таму се третираат 128 лица кои се вратени во Кочани, а биле повредени, ама само за преврски, кои потоа се пуштаат дома. Преврските се вршат и ноќе на полноќ, затоа што изгорениците кај потешко повредените се до тој степен, што не можат да излегуваат и да трпат дневна светлина и сонце. Во донираната хипербарна комора на иницијатива од „Сапорт Кочани“, од сите повредени, досега е третирана само една пациентка, а другите не. Причината, како што велат, е што интернистите и хирурзите уште не направиле тријажа, односно не процениле кој е подобен пациент за хипербарната комора, а кој не.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @supportkocani

 

Единствената пациентка што била третирана во комората со кислород покажала одлични знаци на заздравување и ревитализација на кожата на рацете. Во најтешка состојба се пациентите што се вратиле од Анкара, тврдат нашите извори од кочанската болница. Преврски на повредените им се вршеле секој ден, освен за викенд. Од болницата велат дека завој имаат и дека го купиле на тендер, ама некои пациенти го кажуваат спротивното, односно дека завој снемало. Се потврдува и дека хирургот кој е во болницата е толку презафатен со работа што речиси и да не ја напушта истата. Истакнат дерматолог со кого разговараше „Слободен печат“ ја потенцира алармантноста на повредите на преживеаните и предупредува за важноста на нивното соодветно третирање.

– Дел од пациентите од трагедијата во Кочани, кои се лекуваа по странски болници и се вратени во државава, имаат потреба од понатамошен третман. Треба да се преврзуваат во посебни услови, со стерилни гази, за да не се контаминираат раните. Потребни се и третмани на раните пред преврска. Во спротивно може да настане контаминација на раните која може многу лошо да заврши – вели дерматологот.

Кој колку помага?

Причината поради која се објавени вознемирувачките фотографии од изгорениците на Лазе е новиот апел на „Сапорт Кочани“ да продолжат донациите, оти за многу деца ќе бидат потребни т.н. компресирачки одела. Како што пренесуваат волонтерите, парчиња од оделата чинат од 120 до 1.200 евра, на некои пациенти им требаат и до 4 парчиња, а истите треба да се менуваат повеќепати во следните две години. Ваквите компресирачки одела ќе им овозможат на повредените да ја сочуваат структурата и функцијата на кожата. Вчера од организацијата споделија дека се на пат да издејствуваат еднократна донација за првите одела. Постапката е во тек. Претходно, волонтерот на „Сапорт Кочани“, Ненад Вржалски во разговор за „Слободен печат“ рече дека е потребна и институционална помош за долгорочно решение на финансискиот товар со кој треба да се носат семејствата на повредените во трагедијата. Вакво компресирачко одело му треба и на Лазе. Тој вчера бил во болницата, каде што пристигнале донаторите и му зеле мерки за одело, и нему и на други повредени. Понуда за одела е побарана од болницата во Кочани заедно со стручни тимови од странство кои разгледуваат повеќе опции, материјали и достапност на истите.

– Моментално се земаат бројки за над 50 млади, за некои е потребно 1 парче компресивна облека, за некои дури 4, сѐ уште немаме точна бројка. Во моментов, се договоривме за само едно одело по човек. Мора да напоменеме дека сега работиме на обезбедување средства за втор пар на компресивна облека, и сигурни сме дека ќе обезбедиме. Досега не сме оствариле официјален разговор со некоја институција за финансискиот товар, целата иницијатива е граѓанска и средствата се собрани од хумани друштва, индивидуи и општествено одговорни фирми – велат волонтерите од „Сапорт Кочани“.

Засега останува нејасно и колкава финансиска помош добиваат засегнатите од трагедијата и под кои услови. На некои од семејствата еднаш им била исплатена сума од 150.000 денари, додека на други во два наврати. Според Лазе, само оние што се лекувале во странство двапати биле исплатени од Црвен крст. Во меѓувреме, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на прес-конференција упати критики до владејачкото мнозинство, кое не го поддржа законот за трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ. „За“ гласаа само пратениците од СДСМ и Левица. Според Спасовски, овој закон, кој освен за Кочани требало да се однесува и за семејствата за жртвите и повредените од други трагедии како Ласкарци, Модуларната болница и.т.н., требало да биде закон за обединување, единство, солидарност и сплотеност. На нашето прашање до Владата околу финансиската помош што ја добиваат засегнатите во трагедијата, кратко ни одговорија дека „Владата и Црвениот крст, одлучија да има една наменска сметка за сите погодени од трагедијата во Кочани и од таму во неколку наврати се исплатени средства и на оние кои загубија свои најблиски, но и на повредените, за што јавноста редовно ја информиравме“. Дополнително, додаваат дека Владата обезбедила и транспорт, сместување и логистика на семејствата на повредените кои се лекуваа во странство и целосно го покрива нивното лекување. Сепак, Лазе сведочи дека досега двапати добил финансиска помош од по 150 илјади денари од Црвен крст. Кремите кои ги користат во болницата се донација, потврди тој, исто како и првото компресирачко одело кое допрва треба да го добие. Инаку, како што вели, се согласил неговите фотографии да бидат објавени со цел да се крене свесноста за состојбата во Кочани.

   

Најново

Притвор за неготинчанец осомничен за криумчарење мигрантки од Кина

Sase Ivanovski

Јакимовски: Легализацијата за еден од објектите на „Илинденска“ како полномошник адвокат ја водел Панче Тошковски

Sase Ivanovski

Песков потврди дека Путин нема да присуствува на преговорите со Украина во Истанбул

Sase Ivanovski

Оставката на Таравари сè уште не е пристигната до Собранието, вели Гаши

Sase Ivanovski

Кошта пристигна во Скопје, го пречека министерот за европски прашања Муртезани

Sase Ivanovski

Бугарите се втори по Грција по најдолгата работна недела во ЕУ

Sase Ivanovski

Третата транша од унгарскиот кредит за компаниите е исплатена

Sase Ivanovski

МВР со апел за матурските прослави: Без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

Sase Ivanovski

Повеќе од 30 илјади сообраќајки од 2020 до 2023 година во Македонија – 15.724 биле со потешки последици, а животот го загубиле 457 лица

Sase Ivanovski

Зеленски ја прифати играта на Путин, за да ја разоткрие неговата намера да продолжи војната?

Sase Ivanovski

Испраќањето делегација од пониско ниво од страна на Путин на преговорите во Турција е „шлаканица по лицето“

Sase Ivanovski

ЕК ќе ја поедноставува заедничката земјоделска политика

Sase Ivanovski

Почнаа првите археолошки истражувања на локалитетот Ќеразлк во струмичкото село Баница

Sase Ivanovski

Иран е подготвен да се согласи на договор за нуклеарната програма, во преговорите со Соединетите Американски Држави, во замена за укинување на економските санкции, изјави советникот на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи, Али Шамкани. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано МВР со апел за матурските прослави: Без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир ФОТО | Среде судењето испливаа нови фотографии од злогласните забави на Диди: Меѓу гостите Каси Вентура, Канје, Ким Кардашијан, Кејт Мос… Повеќе од 30 илјади сообраќајки од 2020 до 2023 година во Македонија – 15.724 биле со потешки последици, а животот го загубиле 457 лица Во интервју за NBC News, тој рече дека Иран ќе се обврзе никогаш да не произведува нуклеарно оружје и дека ќе се ослободи од своите залихи на високо збогатен ураниум. Шамкани, исто така, рече дека Иран ќе се согласи да збогатува ураниум само на пониските нивоа потребни за цивилна употреба и ќе им дозволи на меѓународните инспектори да го следат процесот.

Sase Ivanovski

Иран би можел да се откаже од високо збогатениот ураниум заради договорот со САД

Sase Ivanovski

На 21 мај ќе се избира нов гувернер, ниту еден кандидат не е Албанец, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Sase Ivanovski

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, во посета на Скопје

Sase Ivanovski

Започнаа преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул, но без Путин и Трамп

Sase Ivanovski

Делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел без струја

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Уругваецот Хозе Мухика: Најскромниот претседател во светот

Sase Ivanovski

Mајка на повреден вo Кочани: Повредата е толку чувствителна што од минута во минута создава нови проблеми

Sase Ivanovski

Украина се подготвува да мобилизира студенти, почнуваат протерувања на студенти над 25 години, инспекции на над 100 високообразовни институции“

Sase Ivanovski

Атанасоски: Без разлика кој е на власт, кај нас никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

Sase Ivanovski

Младите бегаат од земјоделството и од државата, вели Ѓорѓиевски од здружението „Македонско прасе“

Sase Ivanovski

Најнормално е да имам прекрасни односи со српското државно раководство, вели Стоилковиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Димитровски учествуваше на Министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции

Sase Ivanovski

Грчки, македонски, кипарски и српски уметници заедно изложуваат во Атина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Ана Брнабиќ зборува англиски, коментарите не ја поштедија

Sase Ivanovski

Околу 1.000 работници на „Старбакс“ во САД стапија во штрајк поради промена на кодексот за облекување

Sase Ivanovski

Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во Атина, бабата тврди дека ѝ го грабнал непознат човек во маркет

Sase Ivanovski

Хрватска општина им доделува 500 „паметни“ часовници на пензионерите

Sase Ivanovski

Викендов се отвора Фестивалот на монодрамата во Битола

Sase Ivanovski

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

Sase Ivanovski

„Катар ервејс“ купува 160 авиони од „Боинг“ за 200 милијарди долари

Sase Ivanovski

Крешник Бектеши да оди во куќен притвор бара Обвинителството за пожарот во дискотеката Пулс

Sase Ivanovski

Судијка од Велес времено делегирана во Судот во Кочани поради зголемениот обем на работа

Sase Ivanovski

Филипче: Вистински сум разочаран од одлуката на ВМРО ДПМНЕ да не го гласаат законот за помош на настраданите од Кочани

Sase Ivanovski

Протест по пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Семејството се сомнева во правен инженеринг

Sase Ivanovski

Не е доволно!“: Семејството на Фросина Кулакова незадоволно од пресудата на Јованов

Sase Ivanovski

Лишени од слобода криминалци барани со потерници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Семејството на Фросина и група граѓани на протест за 12-годишната казна на Јованов

Sase Ivanovski

УКРАИНА ЌЕ ГИ МОБИЛИЗИРА СТУДЕНТИТЕ Сите над 25 години ќе бидат избркани, инспекции на над 100 високообразовни институции

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ НАЈМОЌНА ВО ЕВРОПА Мерц побара од Европа и САД да го отфрлат секој мировен план диктиран од Русија

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОТПИША ЕКОНОМСКИОТ ДОГОВОР СО САД Чудна тишина во Москва

Sase Ivanovski

БРОДОВИ, ХЕМИКАЛИИ, КОМПАНИИ Европа ги усогласи новите санкции за Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 10 СОБИ, ПРИВАТНА КАПЕЛА, БАЗЕН И ТЕНИСКО ИГРАЛИШТЕ Ова е резиденцијата на Папата, само погледнете како изгледа

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ЈА СВРТЕ ПЛОЧАТА КОГА МУ ПРОПАДНА ПЛАНОТ ЗА ПАРКИРАЊЕТО ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР Ристески е уверен дека нема да го следат сите функционери од Алијанса

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОСТАНУВА КАЈ ВРЕДИ Не се водат разговори за размена на ресори

Sase Ivanovski

ПРОТЕСТ ПРЕД „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ Родители не ги пуштаат децата на училиште поради насилен соученик

Sase Ivanovski

Гутереш: Ако не ја одбраниме Украина ќе следи хаос низ целиот свет

Sase Ivanovski

„Време е на младите“ – Шкодран Алили побара поддршка од ДУИ и Вреди за Кичево

Sase Ivanovski

Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско унапредување во АНБ на братот на министерот и магистрирањето на Јанев

Sase Ivanovski

Костадинов: Советниците на ДПМНЕ гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка меѓу Струмица и Кочани

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Аџибадем Систина“: Нашата драга Гордана Илиевска заминува во заслужена пензија

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски остваривме средба со Дама Карен Пирс

Sase Ivanovski

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан во прва посета на Македонија

Sase Ivanovski

САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за оружје вреден 142 милијарди долари пред средбата на Трамп со сирискиот лидер

Sase Ivanovski

Велика Британија воведе санкции за државен танкер на Азербејџан поради транспорт на руска нафта

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп мора да разбере дека Путин е вистинската пречка за мировен договор

Sase Ivanovski

Претседатлот на Судскиот совет да се разрешува јавно, предвидува новиот предлог-закон

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Травари е уценет од ДУИ и СДСМ

Sase Ivanovski

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Sase Ivanovski

Таравари: Оставка од министер поднесувам утре

Sase Ivanovski

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Sase Ivanovski

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски најави инвестиции во висина од околу 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија „Алфа“.

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост

Sase Ivanovski

Регионалната конференција „Empowered“ во Скопје ги обедини актерите од Западен Балкан за поголема инклузија на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕВСКИ ОД ШТИП: ДОСТА БЕШЕ МОЛК – ФИЛИПЧЕ, ШТО ИЗНEСЕ, ЧИЕ БОГАТСТВО ГО ОДНЕСЕ?!

Sase Ivanovski

Кузеска: Излегувањето на Таравари потврди дека владата не функционира

Sase Ivanovski

Арбен Таравари: Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка

Sase Ivanovski
Вчитувам....