Одделението за прекуграничен криминал при регионалниот центар за гранични работи Југ од Гевгелија поднел кривична пријава по итна постапка против 25-годишник од Неготино, осомничен за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“.
Имено, од МВР денеска соопштија дека по преземени мерки и активности, на 13 мај лицето било уапсено од страна на полицијата поради сомнение дека еден ден претходно, на 12 мај учествувал во шверц на мигранти во близина на граничниот премин Богородица, каде близу автомобил „ауди“ со швајцарски национални ознаки кои припаѓаат на друго возило, биле пронајдени четири женски лица мигранти од Кина, од кои едната во бессознание. Судија на претходна постапка на уапсениот му определил мерка домашен притвор во траење од 30 дена.