Има некоја фасцинантна опседнатост на десничарите со женските тела и права која ја покажуваат на различни начини, но еден аспект е заеднички за жените во десничарската популистичка реторика: искористување на архаичните, ограничени родови улоги. Жената во очекуваните традиционални улоги на патријархатот – како некој што им служи на мажите и има потреба од заштита. Слика на жената како мајка со деца. Ако не се вклопувате во таа слика едноставно не сте патриот(к)и, туку дел од заговорот против нацијата и традицијата. Во сегашните турбулентни политички околности, треба да останеме будни како се употребува, односно злоупотребува родот во политиката.
Повеќе од било кога мораме да имаме јасна идеолошка позиција на сите чинители кои се декларираат како лево ориентирани и да вложиме максимална посветеност во промовирањето на хумано и демократско општество, кое ќе се грижи за надминување на економските и социјалните нееднаквости и ќе ги почитува човековите права и слободи и различностите. Женското феминистичко движење, како и многупати претходно низ историјата, очекувам да биде предводник на оваа борба“, вели Санела Шкријељ.
View this post on Instagram