15.5 C
Скопје
15/05/2025 20:06
МАКТЕЛ

     

Сопартијци на Таравари се против преселбата на Алијанса во опозиција: Стокхолмски синдром – го враќаш џелатот Ахмети на бел коњ!

      

Кога Претседателот соопшти дека донел одлука Алијанса на Албанците да се повлече од владината коалиција, јас тоа нема да го прифатам. Уште повеќе, заедно со многумина мои сопартијци-истомисленици, нема да дозволам повторно делење на партијата. Ние кои целосно се вложивме во овој наш политички субјект, искрено и без калкулации, со визија за поинакви политики, нема да ја оставиме партијата на тацна за некој да си прави политички и лични маневри, вели за „Фокус“ Сабри Азири, близок соработник на Арбен Таравари во АА и во Министерството за здравство. На иста линија пораки упатија и други партиски членови и функционери. Откако кристално јасно стана дека Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на поделената Алијанса за Албанците по неговиот предизборен конфликт со Зијадин Села, ќе ја напушти Владата откако излезе од владејачката коалиција ВЛЕН, се отвори прашањето колку функционери на АА ќе ја следат одлуката на партискиот лидер да се преселат во опозиција во пресрет на есенските локални избори.

Иако Таравари тврди дека сопартијците ќе го следат неговиот чекор, од власта постојано посочуваат дека играта за пребројување на политичката сцена допрва почнува и сега таа ќе се префрли во дворот на опозицијата, што алудира дека дел од кадрите на Алијанса ќе останат дел од извршната власт, а дел од нивните пратеници ќе останат дел од парламентарното мнозинство. Додека неофицијалните информации од Илинденска говорат дека власта „работи“ со министри, директори, но и пратеници од таборот на Таравари, како и со пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ, иако за тоа се уште нема официјална потврда, во јавноста веќе почнаа отворено да настапуваат функционери на АА кои изразуваат незадоволство од одлуката да се напушти коалицијата ВЛЕН и да се замине во опозиција.мЕден од нив е Сабри Азири, член на Алијанса на Албанците, кој воедно важи за еден од најблиските соработници на Таравари и во партиските органи, но и во Министерството за здравство. По одлуката АА да настапи со посебни советнички листи на локалните избори, поради што партијата ги наруши позициите во ВЛЕН и односите во рамки на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Азири на Фејсбук напиша:

   

„Алијанса за Албанците е над сѐ! Карактеристиките кои нас нѐ опишуваат се: градење на функционална држава, борба против криминалот и посветеност кон реформската агенда. Ова е адресата каде што ќе се обрати секој граѓанин кој тежнее за европската перспектива на оваа мала и напатена држава. Наша должност е нашите граѓани и нашите гласачи да не ги оставиме на милост и немилост, да ги предадеме во други раце. Народот и гласачите ни го дадоа гласот за да ги претставиме во најдобро светло. Не за да ги изневериме! На последниот партиски состанок, пред највисоките партиски органи, јавно кажав: Кој мисли да дојде со мене за заедно да продолжиме да ја водиме Алијансата за Албанците во правец за кој мандат ни дадоа гласачите-повелете да одиме напред! Кој има поинаква замисла-нека си продолжи по друг пат! Јас и таквите како мене нема да дозволиме уште еднаш да се делиме ниту да ја предадеме Алијансата за Албанците во туѓи прегратки“.

Го прашавме Азири како поточно може да се интерпретира неговиот статус, односно како ја оценува одлуката Алијанса да излезе од ВЛЕН и од Владата и да настапи посебно на локалните избори? Притоа, тој ни изјави дека одлуката на претседателот на партијата Таравари да замине од Владата е одлука преку која тој лично, а и многумина негови сопартијци, не можат да поминат, пред се заради принципиелни причини. „Знам дека принципиелноста не е врвна доблест во политиката, меѓутоа тука станува збор за одговорноста на партијата и, ете, мојата лична одговорност кон оние што ни го дале мандатот, оние граѓани кои што гласале за промени на последните парламентарни избори, за да не биде „како до сега“, туку за корените промени во државата! Затоа што утре треба да им се погледне во очи на тие граѓани. Мене не ме интересираат дневно-политичките пазарења, лукративните мотиви, нечии лични интереси и зошто некој го направил тоа што го направил. Јас зборувам за принципите врз кои ја добивме довербата од граѓаните во духот на коалицијата ВРЕДИ, за ентузијазмот кој го вложивме да бидеме поинакви, да ги артикулираме барањата и потребите на граѓаните, да ги решаваме и да градиме поинакво општество, а против децениската монополизација врз интересите на Албанците на една политичка врхушка.

Граѓаните токму за тоа ни го дадоа мандатот, а не после неполна година да се вратиме во нечии туѓи прегратки! Ова што го направи Таравари мене ми личи на „Стокхолмски синдром“. Затоа, како што реков јасно и гласно и на последната средба на највисоките партиски органи, кога Претседателот соопшти дека донел одлука Алијансата на Албанците да се повлече од владината коалиција, јас тоа нема да го прифатам! Уште повеќе, заедно со многумина мои сопартијци-истомисленици, нема да дозволам повторно делење на партијата. Ние кои целосно се вложивме во овој наш политички субјект, искрено и без калкулации, со визија за поинакви политики, нема да ја оставиме партијата на тацна за некој да си прави политички и лични маневри, затоа што АА не е ничија персонална сопственост. Таа е на граѓаните, на активистите, на членовите, на гласачите… Таа е идеја и визија за подобро општество за сите. Затоа уште еднаш велам, кој сака да си замине од Алијансата за Албанците-среќен му пат. Но, без Алијансата в џеб. Тоа може да го направи лично. А, секој кој размислува како мене, го повикувам да ја продолжиме мисијата на Алијансата за Албанците и на ВЛЕН за градење на функционална држава, борба против криминалот и корупцијата, посветеност кон реформската агенда и европските перспективи на нашата земја – вели Азири во изјава за „Фокус“.

Покрај него, деновиве незадоволство од однесувањето на Таравари изразија и двајца поранешни пратеници, кои го поддржаа кога одлучи да предизвика раскол во Алијанса со одлуката пред последните двојни избори да и се придружи на тогашната албанска опозиција на чело со Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши. Меѓу нив е поранешниот пратеник на ДПА, Беким Фазлиу, кој, исто така, на Фејсбук, напиша:

„Во ред, оди со Али (Ахмети)! Но, како ќе се справите со чесните активисти? Со оние што веруваа во тебе со сето свое срце? Многу од нив денес се невработени, бидејќи двајцата следбеници на Арбен Џафери пред вас ги предадоа, станувајќи алатки на Муса (Џафери) и Талат Џафери. Тие многу страдаа, но не се откажаа. Тие се надеваа и веруваа дека си различен, затоа што ти вети дека ќе бидеш таков. Да, и Вреди треба да се критикува, дури и некои од функционерите треба да бидат гаѓани со јајца. Некои дури треба да се плукнат. Но, никако, нагласувам, никако и под никакви околности не треба да го вратиме ДУИ, не ова ДУИ со истите стари и уморни лица што им нанесоа само штета на Албанците. Тоа е како да те покани на вечера твојот џелат и да седиш на масата со надеж дека овој пат нема да те повреди! Само будала паѓа во истата дупка двапати, а ние паѓаме 20 години по ред“, напиша Фазлиу. На иста линија, реагираше и Сурија Рушити, кој беше пратеник од редовите на Алијанса за Албанците кога партијата за првпат влезе во Парламентот. Тој важеше за близок до првиот партиски лидер Села, меѓутоа по внатрепартиската поделба тој го поддржа Таравари. По најновите случувања, пак, Рушити порача: „Целиот овој ненадеен потег на Алијанса за Албанците се продава како мистерија што ќе донесе големо добро, додека најголемото „добро“ што може да се случи е да се врати Ахмети на Бел коњ“.

Во меѓувреме, Таравари веќе ја поднесе оставката од позицијата министер за здравство до премиерот Христијан Мицкоски, велејќи дека функцијата ја извршувал со „максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата“, при што остави простор за повторна соработка во иднина. Претходно, тој изјави дека очекува останатите јавни функционери од редовите на Алијанса да бидат разрешени. Инаку, министерот за труд и социјала од редовите на БЕСА, Фатмир Лимани, денеска изјави дека дел од петмината пратеници од Алијанса на Таравари ќе останат дел од ВЛЕН и мнозинството, а воедно посочи дека во власта ќе преминат и плус четворица пратеници од Европскиот фронт на ДУИ. Како што е познато, таму е и Алијанса на Села, ДПА на Мендух Тачи, Попули на Скендер Реџепи, турската партија на Бејџан Илјаз итн. –Ако тие мислат дека се комотни на тоа дека дел од пратениците на Алијанса за Албанците поминале кон Фронтот, се погрешни, бидејќи дел од нив ќе останат со Владата, но да се сигурни дека најмалку 4 пратеници кои што се денес кај нивните редови ќе поминат во владината коалиција – изјави Лимани, додавајќи дека Владата треба да има 4 години за да работи на ветувањата.

Во текот на вчерашниот ден, еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, порача дека сега играта со преселба на пратеници на релација власт-опозиција ќе се игра во теренот на Европскиот фронт. Денес, пак, Меџити порача дека во партијата на Таравари има несогласување за неговата одлука за напуштање на Владата. Прашан дали очекува вицепремиерот Арбен Фетаи да остане во Владата, изјави дека не сака да зборува за конкретни имиња. Не сме дошле до конкретните имиња, но тоа што е важно е дека сите ресори што ги имаше Алијанса за Албанците остануваат во рамките на ВРЕДИ. Тоа што самиот најавува оставка, но не и за другите функционери, тоа покажува и докажува дека има донесено одлука која што не кореспондира со членството и структурите на партијата. Има видливи поделби и тие веќе ги гледаме секојдневно – изјави тој. Неговиот соработник Биљал Касами, пак, деновиве изјави дека кога некој излегува од власта, мислејќи на Таравари, тогаш отвора простор некој друг да влезе. Кога ќе се отвори вратата, ако некој излезе, можноста за повеќемина да влезат е голема и затоа можам да гарантирам дека оваа влада ќе ја зголеми поддршката во парламентот, порача Касами и патем додаде: „Јас ценам дека Алијанса за Албанците ќе си остане и во ВЛЕН и во Владата. Со колку пратеници, ќе се знае во текот на неделата…“. Она што е интересно, кога говореше за пополнување на испразнетото министерско место на Таравари и можни рокади на ресори, Касами ја спомена и Алијанса на Села: „Ако имаме некаква комбинација, дали со пратеници од сегашната Алијанса за Албанците или, пак, со Алијанса на Зијадин Села, или некои други комбинации, тој што ќе биде лидер на таа група или барањата кои ќе ги има таа група или политичка структура, ќе треба да разговараме за позиции“.

   

Најново

(ВИДЕО) НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ГИНЕ ЗА 50 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ЕУ

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Средба со министерот за одбрана на Унгарија, Кристов Залаи Бобровницки

Sase Ivanovski

Во светот на инвестициите – довербата е валута, а арбитражата е инструментот што ја чува

Sase Ivanovski

Во населбата Карпош 2 ќе се продаде државно земјиште за да изгради катна гаража

Sase Ivanovski

Кошта во Скопје: Вашата иднина е во ЕУ

Sase Ivanovski

Санела Шкријељ говори за влијанието на десниот популизам врз демократијата и женските права

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Со Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана

Sase Ivanovski

Костадинов: “Тази дупка не е дупка”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Null Specialty Coffee нуди можност да се вкуси совршенство во секоја голтка врвно кафе и да се нурне во свет на уметност и музика

Sase Ivanovski

Путин и Трамп нема да се појават во Истанбул за преговори со Зеленски за крај на војната во Украина

Sase Ivanovski

ДЗР: Се трошат милиони евра за побезбедни патишта, но бројот на сообраќајќи и жртви расте

Sase Ivanovski

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Грузија

Sase Ivanovski

Загинаа најмалку 62 лица во нови израелски воздушни напади, речиси целото население во Газа е раселено

Sase Ivanovski

Македонската ИТ заедницата креираше кампања за собирање онлајн донации за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Кошта: Клучно е да продолжите со реформите и да инвестирате во владеење на правото

Sase Ivanovski

Отпадот нека оди таму каде што нема гласачи

Sase Ivanovski

Дигиталната трансформација на Собранието: Граѓанското општество како клучен партнер во градењето на едно модерно Собрание

Sase Ivanovski

МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто цел ден СДС го нема да одговори, дали Филипче, со златната виза, заминал за Дубаи по приватни бизниси?

Sase Ivanovski

Средба на претседателот Гаши со швајцарската амбасадорка Улман

Sase Ivanovski

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, ја поднесе својата оставка

Sase Ivanovski

„Добри вести за Македонија“ – вели Мицкоски, ама не кажува што се тие добри вести

Sase Ivanovski

Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Кривична пријава против едно лице од Неготино за „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“

Sase Ivanovski

ЈП Лајка: Ден исполнет со љубопитност насмевки и вистинска љубов кон кучињата

Sase Ivanovski

СДСМ: Ова ќе беа придобивките за семејствата од Законот за Кочани кој ВМРО-ДПМНЕ го одби

Sase Ivanovski

Одбележан првиот Ден на македонските инженери – 105 години традиција и иновација

Sase Ivanovski

„Книга во секој дом“ продолжува до 20 мај – над триста наслови со попуст до 70 проценти во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Разочарувачка е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржат Законот за Кочани Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува длабоко разочарување од одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери да не дозволат законот за финансиска поддршка на семејствата на загинатите и повредените од трагедијата во Кочани да се најде на дневен ред во Собранието. Станува збор за закон без политичка позадина, со една единствена цел – да им помогнеме на семејствата што изгубија најмногу, што изгубија сѐ, да им помогнеме на повредените, на сопствените граѓани. Тоа е чин на елементарна човечност, одговорност и морал. ВМРО-ДПМНЕ требаше да покаже одговорност и зрелост а не да се држи само до политичкиот инает. Зад она што е добро треба заеднички да застанеме без било какви политички калкулации, искрено и добронамерно. Ова не е прашање на партиски разлики – ова е прашање на совест, човечност, солидарност и грижа за сопствените граѓани. За Кочани мора да има правда, одговорност но и силна поддршка и помош на оние на кои им е неопходна. СДСМ од првиот ден по трагедијата се однесува со целосна почит, сочувство и одговорност за семејствата на загинатите и повредените. Го ставивме страдањето на нашите сограѓани над политиката. Ќе продолжиме да се бориме за вистински вредности, за помош и поддршка и ќе стоиме зад нашите граѓани.

Sase Ivanovski

Вилата на Љубе Бошкоски се најде во хрватските медиуми: Овде ќе посакате да го запрете времето!

Sase Ivanovski

Зеленски: Моето пристигнување во Турција е јасна порака до Путин

Sase Ivanovski

Кошта до Мицкоски: Можете да сметате на Европската Унија

Sase Ivanovski

Инцидент меѓу Апасиев и Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ, реагирало собраниското обезбедување

Sase Ivanovski

Малолетник со закана и употреба на сила силувал 14-годишно дете

Sase Ivanovski

Костадинов: Владата на ВМРО ДПМНЕ има душмански пристап кон Струмица и струмичани

Sase Ivanovski

Агелер за ,,Фокус”: Македонските лидери мора да ја искористат можноста за ЕУ пред да им избега!

Sase Ivanovski

Со возило удрил во бандера која паднала врз него: Почина 27-годишник во скопско

Sase Ivanovski

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес

Sase Ivanovski

Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори

Sase Ivanovski

Апасиев за „Фокус“: Следен пат, нога во глава ќе добие Пеката ако ми пцуе бремена жена и дете

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денес Скопје е домаќин на значајна посета, претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта

Sase Ivanovski

Ристески: Хистеричниот Апасиев и Левица да прекинат да глумат жртви за да добијат медиумско внимание, токму затоа неговата партија е бетонирана на дното

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костадиновска-Стојчевска: Со измените власта го уназади Законот за македонски јазик, а Инспекторатот од независен го претвори во одделение на Министерството за култура

Sase Ivanovski

Лимани: Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина

Sase Ivanovski

Африм Гаши, денес беше официјално известен за промените во составот и раководната структура на Пратеничката група на ВЛЕН

Sase Ivanovski

Конференција: „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) СДСМ: Цените растат стандардот на граѓаните опаѓа – власта нема решение!

Sase Ivanovski

Дурмиши на меѓународна конференција во Будва: Нашата цел е да изградиме општество во кое трудовата миграција ќе го поттикнува растот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи, иднината на македонските граѓани е во рамките на европското семејство

Sase Ivanovski

Стефковски: Изградивме градинки, спортски сали, асфалтиравме улици во општина Гази Баба, тоа е доказ дека покажавме како се работи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче моментално е во Дубаи, влезен со златната виза заедно со Заев по приватен бизнис?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно и срамно е Филипче да глуми загрижен од песочните плажи за трагедијата во Кочани, а Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС

Sase Ivanovski

Обраќање на претседателот Гаши на Конференцијата „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕДЕН ОД ОБЈЕКТИТЕ ЗА КОЈ БЕВ ОСУДЕН ЈА ВОДЕЛ АДВОКАТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Апел за безбедни матурски прослави

Sase Ivanovski

Заврши натпреварот ROBOMAC JUNIOR 202

Sase Ivanovski

Притвор за неготинчанец осомничен за криумчарење мигрантки од Кина

Sase Ivanovski

Јакимовски: Легализацијата за еден од објектите на „Илинденска“ како полномошник адвокат ја водел Панче Тошковски

Sase Ivanovski

Песков потврди дека Путин нема да присуствува на преговорите со Украина во Истанбул

Sase Ivanovski

Оставката на Таравари сè уште не е пристигната до Собранието, вели Гаши

Sase Ivanovski

Кошта пристигна во Скопје, го пречека министерот за европски прашања Муртезани

Sase Ivanovski

Бугарите се втори по Грција по најдолгата работна недела во ЕУ

Sase Ivanovski

Сведоштво: Преживеаните од „Пулс“ се лекуваат во импровизирани услови во кочанската болница, персоналот пред колапс

Sase Ivanovski

Третата транша од унгарскиот кредит за компаниите е исплатена

Sase Ivanovski

МВР со апел за матурските прослави: Без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

Sase Ivanovski

Повеќе од 30 илјади сообраќајки од 2020 до 2023 година во Македонија – 15.724 биле со потешки последици, а животот го загубиле 457 лица

Sase Ivanovski

Зеленски ја прифати играта на Путин, за да ја разоткрие неговата намера да продолжи војната?

Sase Ivanovski

Испраќањето делегација од пониско ниво од страна на Путин на преговорите во Турција е „шлаканица по лицето“

Sase Ivanovski

ЕК ќе ја поедноставува заедничката земјоделска политика

Sase Ivanovski

Почнаа првите археолошки истражувања на локалитетот Ќеразлк во струмичкото село Баница

Sase Ivanovski

Руската делегација на мировните преговори со Украина во Истанбул ќе ја предводи Владимир Медински, поранешен министер за култура на Русија и помошник на претседателот на Русија Владимир Путин

Sase Ivanovski

Иран би можел да се откаже од високо збогатениот ураниум заради договорот со САД

Sase Ivanovski

На 21 мај ќе се избира нов гувернер, ниту еден кандидат не е Албанец, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Sase Ivanovski

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, во посета на Скопје

Sase Ivanovski

Започнаа преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул, но без Путин и Трамп

Sase Ivanovski

Делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел без струја

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Уругваецот Хозе Мухика: Најскромниот претседател во светот

Sase Ivanovski
Вчитувам....