Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека е изненадена од одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и да поднесе оставка од функцијата министер за здравство.
„Не го разбирам овој потег. Сите менуваме ставови, но кога не знаете кој е ставот и зошто, тоа е необично“ рече таа во интервју на „Топ Тема“. Таравари до неодамна зборувал со голем ентузијазам за реформите во здравството и покажувал страст за решавање на проблемите, особено по трагедијата во Кочани. Во истото интервју, Сиљановска-Давкова најави дека предлогот за нов гувернер на Народна банка ќе го поднесе во понеделник наутро.
Председателката не се согласува дека премиерот Мицковски и ја супституира функцијата председател со извата дека тој му се јавил на председателот на парламентот и побарал да закаже седница на парламентот на кој ќе биде избран гувернерот кој ќе го потпише како предлог Сиљановска Давкова. Таа вели дека не било така односно председателот на парлементот ја известил дека е закажана седница за избор на гувернер и иако тоа било многу краток рок сепак таа во понеделник наутро ке доставела предлог за гувернер и предлогот ке бил нејзин избор со нејзиниот потпис како председател на државата.