Кога ќе отидете на официјалната веб-страница на „Тинекс“ маркетите, нема да најдете ништо за оваа наградна игра, туку ќе ве пречека предупредување од компанијата дека на социјалните мрежи кружи лажна наградна игра која го злоупотребува нивното име и лого. Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Ако сте родени во 1976, 1977, 1978, 1979 или 1980 година, кликнете тука и добијте го вашиот подарок!
Објавата го содржи логото на познатиот маркет Тинекс, што на прв поглед делува како да е некаква наградна игра организира од оваа компанија.
Објавата споделува и линк кој ве води до посебна веб-страница, каде има дополнителни информации во врска со наводната наградна игра.
Нова промоција од TINEX за жителите на Македонија, каде секоја личност која има точно 45-49 години има шанса да добие 7.000 ден.. подарочна картичка! За ограничено време, можете да ја добиете вашата 7.000 ден.. подарочна картичка за купување на било какви намирници во TINEX продавниците! Оваа ексклузивна понуда важи само за оние кои имаат точно 45-49 години!, се наведува на почетокот на веб-страницата.
За да ја добиете наводната картичка, од вас се бара да пополните формулар и да одговорите на неколку прашања. Притоа, на фотографија е прикажана картичка Поен + каква што има маркетот „Тинекс“ за собирање поени при пазарување со коишто понатаму добивате попуст. Тоа е намерно направено за да делува наводната наградна игра пореална.
За оваа наградна игра не најдовме ништо на официјалната Фејсбук страница на „Тинекс“ која има преку 170 илјади следбеници. За разлика од неа, Фејсбук страницата што ја промовира лажната наградна игра има само 13 следачи и нема други објави ниту информации за себе. Кога ќе отидете на официјалната веб-страница на Тинекс маркетите, нема да најдете ништо за оваа наградна игра, туку ќе ве пречека предупредување од компанијата дека на социјалните мрежи кружи лажна наградна игра која го злоупотребува нивното име и лого.
Граѓаните треба да проверуваат од какви Фејсбук страници доаѓаат ваквите и слични објави кои се зачестени во последно време и да им веруваат само на страниците кои се официјални на брендовите кои ги презентираат. Од сето погоре заклучуваме дека објавата која ја анализираме е невистина.