Само две општини имаат донесено стратегија за развој на зеленилото, а зелен катастар во форма на ГИС портал имаат само три општини (Град Скопје, Кавадарци и Охрид), утврдија државните ревизори. Во 22 општини ниту во нивните Генерални урбанистички планови не се предвидува ниту половина зеленило од законски предвидените 25 м2 по жител. Општините не обезбедуваат ниту доволно пари за одржување на зеленилото. БИРН пишуваше како се заобиколува Законот за урбано зеленило, односно како на инвеститорот му е поисплатливо да ги исече дрвјата без дозвола и да ја плати максималната казна за тоа, отколку да загуби градежен простор поради нив.
View this post on Instagram