9.5 C
Скопје
16/05/2025 15:45
МАКТЕЛ

     

Вистиномер: Парада на победата во Москва: Кога Путин говори за правда и праведност

      

Путин авторитарно владее со Русија четвртина век, а на деветомајската Парада на победата има говорено 22 пати (говор на парадата стандардно држи претседателот на Русија, па Путин тоа не го правеше од 2008 до 2011 г. кога беше нејзин премиер). Низ тие негови говори провејува пропаганда, што важи и за оној последниот, но некои аналитичари сметаат дека оваа година Путин ја омекна својата реторика, што се должи на преговорите иницирани од Трамп, но и на други причини. Пишува: Вангел Башевски
За наводната праведност, сплотеност и непобедливост

Во својот последен деветомајски говор, покрај другото, Путин изјави (превод од руски):

Вистината и правдата се на наша страна. Сета земја, општество и народ ги поддржуваат учесниците на Специјалната воена операција. Ние се гордееме со нивната смелост и решителност, со таа сила на духот, која секогаш ни носела само победа.

Специјална воена операција (СВО) е еуфемизам за агресијата на Путин врз Украина, што е кршење и на меѓународното и на руското право, кое забранува водење на агресивна војна (чл. 353 од Кривичниот законик на Русија). Во агресијата на Путин врз Украина нема никаква правда, исто како што ја нема ни во воените злосторства, кои тој таму ги врши, како што нема ни вистина во дезинформациите, кои тој постојано ги пласира. Со оваа изјава Путин пропагира едноумие и настапува по принципот „Државата – тоа сум јас“, небаре Русија е негова приватна сопственост, небаре сите нејзини граѓани размислуваат како него и небаре тие слободно можат да го изразат својот став. Во реалноста, Путин воведе драконски казни за „ширење на лажни вести за вооружените сили“ (чл. 207.3) и за нивна „дискредитација“ (чл. 280.3) со што се замолчува каква било критика.

   

Оние, кои сепак критикуваат, ризикуваат дури и да го загубат животот, како што им се случи на опозиционерите Борис Њемцов и Алексеј Наваљни. Заради војната и репресиите, околу милион Руси ја напуштија својата земја. Избори или анкети во такви репресивни услови се немеродавни, па Путин нема легитимитет да говори од името на сите Руси, а каков е реалниот став на мнозинството од нив ние не можеме со сигурност да знаеме. Ставањето на т.н. СВО и борбата против Третиот Рајх во иста кошница е обид да се направи паралела меѓу него и современа Украина, која Путин неосновано ја обвинува за неонацизам. Но, Украина ја забрани нацистичката идеологија со закон донесен на 9.4.2015 г., а на чело на земјата е Володимир Зеленски, кој има еврејско потекло. Неговите прадедо и прабаба биле жртви на Холокаустот, а неговиот дедо како советски војник се борел против нацистите како и милиони жители на Украина. Како и секаде, сега во неа има некои неонацисти, но тие се маргинални.

Путин во говорот како да го туркаше и митот дека Русија секогаш победувала во војна. Но, таа имала порази во: Кримската (1853 – 1856), Руско-јапонската (1904 – 1905), Првата светска (по што Руската Империја дури се распаднала), како и во војните против Финска, Балтичките земји и Полска (1918 – 1921), а особено е значаен поразот во Авганистан (1979 – 1989), а најпосле и распадот на СССР (1991), што бил голем пораз за Советска Русија, која била негов основоположник. Современа Русија, пак, била поразена во Првата чеченска војна (1994 – 1996) и во Сирија (2015 – 2024). Путин не успеа да ги постигне зацртаните цели за т.н. денацификација на Украина (заземање на Киев и соборување и лустрација на тамошната власт, која лажно ја опишува како „неонацистичка“) и за т.н. демилитаризација (Украина е уште помилитаризирана и таа дури му влезе на Путин дома, во Курската област на Русија).

Русија не е доследна во својот антифашизам

Во својот последен деветомајски говор, Путин ја изрече и следнава невистина:

Русија била и ќе биде нескршлива бариера за нацизмот, русофобијата и антисемитизмот.

Историски гледано, Русија била страотно антисемитска. Руската Империја ги дискриминирала Евреите, кои смееле да живеат само во одредени делови од неа, тие биле убивани во погроми и против нив се ширел говор на омраза како во памфлетот „Протоколите на сионските мудреци“. Кулминација на тоа било создавањето на руското антисемитско движење Црна сотнија (рус. Черносотенцы), кое наликувало на идните нацисти. По падот на империјата, такви политичари се нашле во белогардејската емиграција, кајшто меѓу двете светски војни ја создале Сèруската фашистичка организација на Анастасиј Вонсјацки, Руската фашистичка партија на Константин Роѕаевски и Руското национално и социјално движење на Павел Бермонт-Авалов.

Дури ни официјална Русија, тогаш дел од СССР, не била доследна во својот антифашизам. Со Пактот Молотов-Рибентроп (23.8.1939), Москва му станала сојузник на Адолф Хитлер. Тие си ја поделиле Полска, по што одржале заеднички воени паради и конференции на германската тајна полиција Гестапо и советската НКВД, а кај Мурманск во Русија била отворена германска морнаричка база. Москва дури му екстрадирала на Хитлер германски антифашисти засолнети во СССР како Маргарета Бубер-Нојман. Хитлер го нарушил пактот со нападот врз СССР на 22.6.1941 г, а среде Русите и тоа како нашол соработници, кои формирале свои војски: РОА на Андреј ВласовРОНА на Бронислав КаминскиРНА на Борис Смисловски и козаците како Иван Кононов. Иронично, во агресијата врз Украина сега учествуваат руски неонацисти како Алексеј Миљчаков со одредот Русич. Русија има развиена неонацистичка сцена, а на 22.3.2015 г., во С. Петербург се одржа меѓународен конгрес на такви партии, среде кои беа: НДП (Германија), БНП (Британија), Форца нуова (Италија) и Златна зора (Грција).

СССР за многумина не бил ослободител

Путин во својот говор го изјави и следново:

Денес нас нè обединуваат чувства на радост и тага, гордост и благодарност, поклонување пред поколението, кое го урна нацизмот, кое по цена на милиони животи ја освои слободата и мирот за целото човештво.

Спротивно на раширениот наратив дека СССР во војната имал улога на ослободител, за милиони луѓе тој бил поробувач. Пример за тоа имаме во Литванија, Латвија и Естонија, кои СССР ги анектирал, по што таму спроведувал брутални сталинистички репресии. По војната, СССР воспоставил репресивни марионетски режими низ цела Источна Европа, а нацистичките логори како Саксенхаузен, Аушвиц и Бухенвалд ги пренаменил во сталинистички. Од тој терор особено пострадала Полска. По нејзината поделба, СССР извршил масакри на илјадници полски заробеници како оној во Катин. СССР ѝ одзел територии на Полска населени со Белоруси и Украинци, наводно за да ги ослободи, но и тие биле подложени на неговите брутални репресии. СССР ја нападнал и Финска, на која исто така ѝ одзел територии, што им го сторил и на Чехословачка и Романија. Дел од територијата која ѝ ја одзел ја приклучил кон Советска Молдавија, пропагирајќи постоење на одделна молдавска нација со цел да ја оддалечи од романската. СССР ѝ одзел територии и на Германија – градот Кенигсберг и неговата околина (сега Калиниградската Област на Русија), кај што СССР спровел етничко чистење на етничките Германци. По победата над Хитлер, СССР го зазел северниот дел од Кореја, кој дотогаш бил под јапонска окупација, по што воспоставил брутален режим кој опстојува до ден денес.

Омекната реторика

Некои аналитичари сметаат дека заради преговорите за војната во Украина, иницирани од Доналд Трамп, Путин овојпат се воздржа од прејаки квалификации какви што имаше во неговите претходни деветомајски говори. За тоа придонесе и присуството на поширок спектар на странски гости на парадата, за кои можеби би било премногу ако Путин би се расфрлал со епитети од типот на „трул Запад“, „Украинци-фашисти“ и сл. (имајте предвид дека ова беше парада по повод 80-годишнината од победата). Затоа, Путин тоа го спакува во малку подипломатско руво и изјави дека сите сојузници на Русија од Втората светска војна придонеле за победата, иако не ги спомена поименично оние западните како САД и В. Британија.

Нелогичности

Во својот говор, Путин поименично ја спомена Кина, чии трупи дури зедоа учество на парадата, што не беше најиздржано, со оглед дека Кина не придонела за победата над Третиот Рајх, иако војувала против неговите јапонски сојузници. 9 Мај се одбележува во чест на победата над Третиот Рајх, а не над Јапонија, која капитулирала на 2.9.1945 г. На парадата имаше и други странски учесници, чие присуство беше помалку или повеќе нелогично од историска гледна точка (Лаос, Мјанмар, Виетнам и др.). Се чини дека заради својата изолација, Путин бил принуден да кани какви било гости, дури и без некоја историска логика. Русија порано не беше толку изолирана како денес, па на парадата во 2010 г. заедно маршираа руски, американски, британски, француски, полски и украински трупи, што од историска гледна точка беше многу поиздржано.

Контроверзна изјава

Доста контроверзен дел од говорот на Путин беше следниов:

Наша должност е да ја браниме честа на борците и командирите на Црвената армија и големиот подвиг на претставниците на разни националности, кои засекогаш ќе останат во светската историја како руски војници.

Путин тука го употреби поимот „русские“, што означува етнички Руси, наспроти поимот „россияне“, кој означува жители на Русија без оглед на нивната етничка припадност, па излегува дека сите тие борци, за кои тој говореше, тој ги смета за етнички Руси, што би било фактографски неточно, па дури и навредливо за националните чувства на многумина низ Русија и пошироко низ бившиот СССР. Можеби Путин целел на фактот дека во добар дел од светот СССР и Русија се користат како синоними, што се прави од незнаење или затоа што Советска Русија била основоположник на СССР и негова доминантна сојузна република, а тој бил создаден на територијата на некогашната Руска Империја. Како и да е, би било крајно неправедно сè што е советско да се изедначува со руско, а среде војниците на советската армија имало припадници на најразлични етникуми. Затоа, изјавата на Путин некому може да му звучи како обид за асимилација на сите жители на Русија или за присвојување од страна на Русите на сè што е советско. Што точно Путин сакал да каже – не е јасно.

   

Најново

ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ВО СЛЕДНАТА ГОДИНА И ПОЛ Вучиќ посочи дека не добил никакво барање од блокадерите

Sase Ivanovski

МИРОТ ВО УКРАИНА ЗАВИСИ ОД ТРАМП И ОД ПУТИН Средба на двајцата лидери е единствена шанса за прекин на огнот, посочи Рубио

Sase Ivanovski

Вистиномер: Не е точно дека Европа не одбележува победа над фашизмот

Sase Ivanovski

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската Унија

Sase Ivanovski

Вистиномер: ЕУ не е фашистичка ако му го одзела имунитет на крајнодесничарскиот европарламентарец Браун

Sase Ivanovski

Левица: Ристески од ДПМНЕ и покрај стан во Кисела Вода е рекордер по патни трошоци

Sase Ivanovski

ПРИЗМА – Нема место за зеленило на парцелите: Сечи си, плати си и гради си

Sase Ivanovski

Вистиномер: Со про-Кремљ дезинформации повторно се обвинуваат ЕУ и НАТО за војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Борис Георгиевски во поткастот „Каде се парите“: ГЕРМАНИЈА СО ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ПРЕДИЗВИЦИ

Sase Ivanovski

Вистиномер: Кисела Вода сè уште не ја доби ветената поликлиника

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството

Sase Ivanovski

Вистиномер: Тинекс не доделува подарок картичка со 7.000 денари

Sase Ivanovski

Ученички скоро четири години малтретирале соученичка во беровско иако мајката пријавувала во школото

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир

Sase Ivanovski

Вистиномер: Доктор Жан Митрев злоупотребен во лажен маркетинг за „маст за зглобови“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Рама клекнат на колена ја дочека италијанската премиерка Џорџа Мелони

Sase Ivanovski

Песков: Неопходна е средба Путин – Трамп за меѓународните прашања

Sase Ivanovski

ССНМ: Оценките на Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

Sase Ivanovski

Претседателот на Уставниот суд, Костадиновски оствари работна средба со италијанскиот амбасадор Палминтери

Sase Ivanovski

Затворски казни за директорите Флорин Бесими и Артан Етеми за пожарот во модуларната болница

Sase Ivanovski

Работилница со светски реномираниот театаролог Патрис Павис на Факултетот за драмски уметности-Скопје

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Нема причина за вознемиреност по хаваријата во Пинтија

Sase Ivanovski

Стојаноски: Инвестициите ќе го зголемат БДП што директно влјиае на подобар стандард на живот за граѓаните

Sase Ivanovski

Приведено лице од Македонска Каменица затоа што управувало возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Може Филипче и во негов стил, преку фејсбук статус од песочните плажи, да одговори дали со златната виза отишол во Дубаи со Заев за бизнис?

Sase Ivanovski

Таравари имаше бел лист на маса за да напише колку општини сака, но одлучи да оди во прегратките на ДУИ, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Герасимовски на средба со центарци: Реконструирани 20 улици, подобрени условите во сите основни училишта и градинки

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова изненадена од оставката на Таравари: Не го разбирам овој потег

Sase Ivanovski

Милошоски обвинува дека СДСМ безусловно прифаќа уставни измени по барање на Бугарија

Sase Ivanovski

Делегација од МОН на 24-от состанок на заедничкиот комитет на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS)

Sase Ivanovski

Мицкоски: Утре е убав и голем ден за Македонија

Sase Ivanovski

Каранфилова–Пановска: Пораките на Кошта се јасни, власта да го деблокира европскиот пат

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Sase Ivanovski

По два месеци лекување се огласи гитаристот на ДНК: „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса“

Sase Ivanovski

Османи: Сиљановска-Давкова наместо да ја поддржи европската иднина на државата, продолжува да шири дезинформации

Sase Ivanovski

Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Поддршка за женското претприемништво во регионот – ново партнерство на GEA со Aspire Balkans

Sase Ivanovski

„Кој е следен“ организира поддршка за „Маршот на ангелите“ во Кочани оваа сабота

Sase Ivanovski

Левица: Агенцијата за обезбедување од „Пулс“ на иста адреса со функционер на ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Караванот „Заедно знаеме повеќе“ во Крива Паланка – Движењето ЗНАМ за Наша Македонија директно со народот

Sase Ivanovski

Скопјанец силувал жена на паркинг во Сопиште, ја удирал со боксови и нога по лице

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Али Ахмети ги дели Албанците за да се спаси себе и неговиот фамилијарен капитал, Таравари е последната жртва

Sase Ivanovski

Герасимовски: Улицата „Дебарца“ готова до крајот на месецот, се работи со полна пареа

Sase Ivanovski

Обдукцијата доставена до Обвинителството, се чека одлука за смртта на Ведат Адеми

Sase Ivanovski

Милошоски: Благодарение на политиките на СДС, Македонија е во состојба на блокирани преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Меџити: Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура го забрзуваат економскиот развој

Sase Ivanovski

Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, постигнавме да сме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дино Мерлин: Првиот настап во Македонија ми беше во 1985та во Битола, два дена возевме до Сараево со Фичо комбе, немавме пари за хотел во Битола, спиевме во комбето

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Sase Ivanovski

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

Sase Ivanovski

Муцунски: Чест ми е што денес во Скопје ја пречекувам министерката за надворешни работи на Австрија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Остануваме посветени на евроинтеграциите, но граѓаните чувствуваат горчина поради отстапките кои ги правеа, ни ветуваа чуда, а ние баравме обични работи

Sase Ivanovski

Љупчо Георгиевски во најновата епизода на Бизнис Муабети

Sase Ivanovski

Петар Богојевски: Квалитетот на наставниот кадар е клучен…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен јавен повик за финансирање проекти за воннаставни активности во основните училишта во Центар

Sase Ivanovski

Активно учество на пратеникот Беким Ќоку на ПССЕ настан во Финска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Филипче да не молчат и да одговорат, каде е Венко Филипче?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола

Sase Ivanovski

Мицкоски за „Euronews“: Нема аргументи за прифаќање на бугарските барања, жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Кошта ја поздрави одличната работа на Владата и реформскиот напредок, иднината на Македонија е во ЕУ

Sase Ivanovski

Стокомак се прошири и на територијата на Србија…

Sase Ivanovski

Индиски возачи ја управуваат македонската индустриска механизација

Sase Ivanovski

Работниците ни бегаат во странство па мораме да им ги зголемуваме платите

Sase Ivanovski

24 Отворено – Кој ќе го наследи Таравари на министерска позиција и што значи ова за локални избори?

Sase Ivanovski

Ким Јонг-ун и порача на севернокорејската армија да се подготви за војна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Можете оцените кому му верувате само ако го погледнете во очи – Чејс Хјуз

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кодовите на вашите гуми и како тие влијаат на перформансите…

Sase Ivanovski

„Само Вистина” 14.05.2025 – На кратко со Иван Стоилковиќ

Sase Ivanovski

Прашајте го ОВА за да ја демаскирате лажната доверба – Чејс Хјуз

Sase Ivanovski

Доналд Трамп: На 15 мај дека мировните преговори за Украина нема да напредуваат додека не се сретне со рускиот претседател Владимир Путин

Sase Ivanovski

Договорот меѓу Црна Гора и ОАЕ за концесија на Големата плажа предизвика бурни реакции меѓу мештаните…

Sase Ivanovski

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова вели дека не го разбира потегот на досегашниот министер за здравство Арбен Таравари да излезе од влада

Sase Ivanovski

Божиновска: Во прекрасниот амбиент на галеријата „Д.А. Гуте“ во Сули ан, присуствував на свеченото доделување на наградите за најдобрите графичари на Факултетот за ликовни уметности — традиција што опстојува 38 години и секогаш нè потсетува на моќта на уметноста да нè допре

Sase Ivanovski

Герасимовски: Заедно со центарци дискутиравме за сите проекти што ги имплементираме за развој на Центар и поквалитетен живот

Sase Ivanovski

Биографот на Трамп тврди дека претседателот и Меланија се „разделени“ и не живеат според традиционалните договори за брак

Sase Ivanovski

Украина сè уште може да победи, но не ако Трамп продолжи да брка примирје што Русија не го сака…

Sase Ivanovski

По антитерористичките проверки, вратена публиката на концертот на Пеѓа

Sase Ivanovski

Дојава за бомба пред концертот на Пеѓа Јовановиќ, публиката евакуирана

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова и замери на Оливера Трајковскa. Не прифаќа дека Мицковски ја супституира и нејзината функција за избор на гувернер

Sase Ivanovski
Вчитувам....