Во палатата Долмабахче во Истанбул започна трилатерална средба меѓу делегациите на САД, Украина и Турција, а американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го забрза процесот за воспоставување мир во Украина со иницирање директна средба со рускиот претседател Владимир Путин. Додека во Истанбул се одржуваат средби за ставање крај на војната во Украина, се огласи и претседателот на САД, Доналд Трамп. – Време е едноставно да го направиме тоа. Ќе го завршиме – истакна Трамп. Тој додаде дека сака да се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин, што е можно поскоро. МИРОТ ВО УКРАИНА ЗАВИСИ ОД ТРАМП И ОД ПУТИН Средба на двајцата лидери е единствена шанса за прекин на огнот, посочи Рубио
Трамп вчера изјави дека значителен напредок во преговорите е малку веројатен сè додека тој и Путин не се сретнат лице в лице. Во палатата Долмабахче во Истанбул почна трилатерален состанок помеѓу делегациите на САД, Украина и Турција. ЕВЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВА ОД ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ Путин игра своја игра, дали неговата иницијатива е само маска? Пратеникот на Доналд Трамп во Украина, генерал Кит Келог, седи до американскиот државен секретар, Марко Рубио. На средбата учествуваат американскиот државен секретар Марко Рубио и пратеникот на Трамп за Украина, генерал Кит Келог, украинската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак. Домаќин на состанокот е шефот на турската дипломатија Хакан Фидан.