Пред неколку недели имавме можност да ја посетиме Тирана и од близу да видиме што се случува во овој град кој ја сврти светската архтектонска елита кон себе. На прв поглед Тирана претставува сеуште хаотично место, со слаба инфраструктура, со убедливо една од најлошите сообраќајни култури и град без некое позначајно живо архитектонско културно наследство, но градот интензивно се менува и тоа е она кое говори за имањето визија за себе, а со тоа сегашност и иднина.
Во објавата ви носиме обемна фотогалерија, впечатоци од Тирана но и компарација со поразот на Скопје. Поради ограничениот формат и број на фотографии на инстаграм, советуваме да ја погледнете галеријата од 30 фотографии на marh.mk
View this post on Instagram